Најмалата ќерката на Соња и на Јохан порасна, еве што ѝ порача Соња за роденден

0

Соња Тарчуловска е успешна пејачка од областа на фолк музиката, но позната е и како сопруга на Јохан Тарчуловски и мајка на три деца: Мелани, Младен и Јоана. За своите почетоци, Соња зборуваше во едно интервју за „Точка“.

– За моите почетоци има многу да се каже: позитивни спомени, полни сали, дискотеки, кафеани – тоа ме исполнуваше. Лесно е да се биде пејачка, ако знаеш вистински да се носиш со таа професија токму како што наликува без наметнувања, знаеме дека се’ што е спонтано е подобро.

Дали добро се заработува? Јас лично да, добро заработувам иако не сум доволно активна, си ги ценам сопствените вредности во нормала на стандардот. Публиката е таа што проценува, зошто ја слуша или почитува пејачката. Лично мене многу ми значи текстот и музиката, и ако со нив ги освојувам јас сум почестена.

Таа зборуваше и за својот сопруг Јохан и за децата: На подобро се променија работите, Јохан е добар татко, децата ни се прекрасни, а јас сум среќна поради тоа. Кога би можела да избирам за децата?

Јас сум човек и мајка која сака своите деца сами да си го изберат патот и професијата што сакаат да бидат, а јас само би им дала максимална поддршка“ рече Соња.

– Верувам во мислата дека жената е убава и исполнета кога е сакана и почитувана. Женственоста или ја имаш или ја немаш, јас не ја искажувам но сепак таа ме издава. Никаков притисок неможе да придонесе како сакам и каде сакам да се облечам, но треба да се има мерило и знаење каде како треба. Идол немам, сите жени се прекрасни“, додаде пејачката.

Синот Младен има 14 години, а најмалата ќерка Јоана, изминатото лето наполни пет години. Со емотивната објава на Фејсбук, Соња ѝ го честиташе роденденот на Јоана: „Ти си нашата паметница! Вистинска бајка си мамино.

Мелани, најстарата ќерка е талентирана за музика на својата мајка. Мелани е ученик во средното музичко училиште Илија Николовски – Луј. Таа уште сега го пронајде својот пат во животот и ја одбра музиката како идна професија.

Нејзиниот успех, освоеното второ место на меѓународниот фестивал во Малта вели дека е само почеток на она што допрва ќе следува.

Амбициозна е, млада и преталентирана, а за тоа одличен доказ беа и резултатите од фестивалот. Таа за Хаштаг, ги откри своите сегашни и идни планови поврзани со музиката, но откри и кој бил виновникот за овој нејзин избор во животот.

– Можеби сме два различни света, но таа е личност која секогаш стоеше позади мене, стои и ќе стои се додека смета дека сум на вистинскиот пат.

Мојата фамилија ми е најголема поддршка и среќна сум што се покрај мене. Ме предизвикуваат да стремам кон моите цели“, откри Мелани за свота мајка.

Кога Мелани наполни 16 години, а гордата мајка соња објави нејзина фотографија на Фејсбук, која се гледа колку се всушност слични мајката и ќерката. Соња доби многу честитки за својата првородена ќерка.

Соња и Јохан беа во Букурешт за да ги бодрат македонските фудбалски репрезентативци. Но, сега има нова причина за славење во семејството Тарлчуловски, а тоа е роденденот на налмалата ќерка, Јоана.

Таа пораснала во вистинскта убавица, и Соња со овие зборови ѝ го честиташе роденденот на својата ќерка: Секој ден со тебе е благословен. Јоана. Убавино наша . Среќен 6 роденден. ТЕ САКАМЕ“.

Претходна статијаЕлена Ристеска упати порака до важна личност: Те сакам безусловно, засекогаш
Следна статијаЈана од Сител слави и е многи горда на нејзина важна личност (ФОТО)