Миа Костова на Тамара: Те сакам и кога ќе ја утнеш химната (ФОТО)

0

-Како родител секогаш ќе бидам тука да ги поддржам и да верувам во нив и нивните соништа Сакам да веруваат во себе, сакам да го живеат животот така како што тие сакаат и да бидат горди на себе“, изјави тамара Тодевска во едно интервју за своте деца, Дарен и Хана.

Тамара неодамна шерна слика од вежбална, на која се гледа дека пејачката ја одржува формата и редовно вежба. Упорноста ѝ се исплати, зашто линијата навистина ја довела до совршенство.

-Јас сум уметник и особено во овој креативен дел вистински се обидувам да спознаам други светови и приказни“, рече во друго интервју Тамара Тодевска, нашата популарна пејачка.

Задоволството кое го чуствувам, навистина ми дава можност да пеам за работи кои се исто така уметнички емотивен предизвик но се туѓо искуство, кое инспирира.
Во минатото не можев лесно да ги пеам песните кои не беа инспирирани од моите емотивни состојби.

Денес тоа е поинаку, бидејќи чувствувам потреба да си дадам одговори за некои теми кои навистина не се дел од моето секојдневие. За мене овој креативен исчекор е предизвикот кој ја освежува мојата работа со колегите продуценти и текстописци.

Инаку и да немам песна посветено на Мачка, на него мислам секогаш кога пеам“, рече Тамара за својот сопруг со кого ги има ќерката Хана и синот Дарен.

-Хана е родена пејачка. Кога ја гледам неа, се гледам и себеси. Има голема самодоверба и не се плаши да го каже тоа што го мисли.

Како мајка јас само сакам Хана да биде среќна и да верува во себе. Самата ќе си одлучи што сака да биде во животот. Дарен е многу посмирен од Хана. Уште е премал за да видиме кои таленти ги има наследено, дали оние од тато или оние од мама.

Моите деца се светлината во мојот живот и бескрајно сум благодарна што ја имам можноста да бидам мајка. Јас уживам во секој момент поминат со нив и факт е дека ме направија подобра личност“, рече Тамара. во Слободен печат.

Таа објави стори од својата ќерка Хана во кое кажува дека слави роденден, и пејачката ја изненадува својата ќерка на интересен начин.

Имено, малата Хана влегува во автомобил каде што ја чека завиткан подарок и балон. Се гледа дека Хана е воодушевена од изненадувањето од својата мајка, и на следната слика таа среќна позира со својата нова играчка.

Но, и Тамара како и нејзината ќерка е многу поврзана со својата мајка Брана. Пејачката објави стара слика од неа кога била бебе, и на неа се гледа колку Тамара личи на својата мајка.

Ако го споредиме и сегашниот изглед на Тијана, сестрата на Тамара, и таа копи-пејст на мајка си Брана.

„Бескрајно сум ѝ благодарна на мојата мајка за поддршката и за тоа што верува во мене тогаш кога и јас самата не верувам во себе. Без нејзината помош и љубов ниеден мој сон немаше да биде моја реалност.“, изјави Тамара.

Денес, таа слави роденден и полни 36 години. Вечерта пред својот роденден, таа објави слика со своите деца и напиша дека тие се сето она што го посакала, и како им раскажува приказни за добра ноќ.

Роденден меѓу првите ѝ честиташе Тијана која рече дека својата сестра ја сака најмнгоу на светот.

Но, емотивна порака ѝ упати и Миа Костова, познатата водителка која со Тамара е блиска другарка и ја нарече блзианчка. Тамара го сподели сториото на Миа која напиша:

-Те сакам и кога ќе ја утнеш химната и кога ќе ми пишеш во 8:15 „ви како те“, те сакам и на сцена и кога не си за на сцена.

Те сакам дека имаме слики кога не се знае кој е кој на сликата. Те сакам дека си најмајка и те сакам кога те мразам како пееш.

Среќен близначке. Ако се префарба, те уб-ив“, напиша Миа заТамара.

Претходна статијаВодителот Ване Маркоски откри како ја дочекал одлуката за неносење маски на отворено
Следна статијаКомшијата на Харис Џиновиќ откри – како да не се заедно со жена му, не шашардиса човекот