Мери Јордановска: Вие мислете си дека сè се лечи со чај, лимон, позитивна мисла и многу лук

0

Новинарката Мери Јордановска, на својот Фејсбук профил често јавно им се обраќа на домашните политичари и надлежните. Со еден пост, Јордановска го коментираше доцнењето на вакцините.

Таа на почетокот од обраќањето праша: „Како не ви е непријатно?“, и продолжи:

– Не ви е непријатно да си гласате мрт -ви ладни во државни училишта за лидер на партија меѓу… упс…

Меѓу еден кандидат, додека подготвувате попис на население кога на луѓето им е страв да се разминат меѓу себе во продавници, додека продаваат станови и додека собираме по 1.700 евра на ден за да се лечат по приватни болници, оти немаме капацитети во постојните?

Не ви паѓа малку непријатно пред оние на кои им ветивте вакцини уште во декември годинава, пред оние што во овие два дена бараат да се соберат барем по четворица во кола за да можат да стигнат во Белград да се вакцинираат, за да се заштитат себе…

А за најблиските, којзнае, ако најдат српски телефонски број, можда… Имате му-да да изброите колку ваши членови и директори се вакцинираа пред сите нас?

Имате му-да да кажете јасно и гласно „ПОТФРЛИВМЕ!“? Немате. По постапките се гледа дека немате. Сите чекаат вакцини а вие им презентирате апликација за мобилен телефон, со најнови вести за вирусот?!

Луѓе чекаат вакцини, како во цел свет, ама вие им давате изјави од типот „извинете, во цела Европа е така…“.

Господа, во цела Европа не е така. Кај нас е така. На душа носите многу животи, верувам дека тоа не е затоа што така сакате, туку затоа што толку можете. И човечки е тоа да се признае.

Нечовечки е на граѓаните да им продавате било каква приказна поразлична од онаа, диктирана од горе, од оние што мислат дека сме недоветни.

Мене ми паѓа жал од сликата што нè чека викендов, кога колони од Македонија ќе се наредат на Табановце.

Жал ми е и за оние што ќе ја примат вакцината, и за оние што ќе останат дома да ја чекаат вакцината.

Оти не знам веќе што чекаме, во оваа држава без визија.

Ама добро, утре можеби ќе го видам Груби како амбициозно собира попишани, па уште и ако посетите некоја болница, со некоја нова мобилна апликација плус, можеби ќе ми се врати довербата дека некогаш ќе не биде. Со среќа нека ни е!“, објави Јордановска.

Сега, откако имунузацијата се одвива во сите наши градови, таа направи истражување кое го сподели на Фејсбук со следниот коментар:

За сите оние од кои во последнава година чув дека „Ковид-19 не влијае на општата стапка на мор тал-итетот“. За сите оние од кои чув дека „од други болести не се уми- рало“. За сите кои одбиваат вакцинација, оти “Ковид-19 не постои, плус којзнае што има во вакцината“.

Македонија во 2020 го доживеа врвот. Ама вие мислете си дека сè се лечи со чај, лимон, позитивна мисла и многу лук. И ова е единствена тема за која одбивам дебата, блокирам одма и ве оставам со чајот и фината мисла. Не дека се штетни, ама не секогаш се сосема ефикасни, драги мои. Овие бројки доволно говорат“, објави Јордановска.

Во истражувањето кое таа го направила а е објавено на a1on.mk, се вели дека бројот на лица кои си заминале од овој свет во 2020 година се зголемила за 26 проценти во однос на 2019 година.

Претходна статијаВодителот Ненад слави, со емотивна слика го објави поводот (ФОТО)
Следна статијаБоба Живојиновиќ раскажа колку милиони евра вложил во нов бизнис во Америка и како се збогатил