Лиса Баута Шаќири: Треба ли да му аплаудираме на некој кој не свири и псуе на семафори?

0

Лиса Баута Шаќири е млада жена, која изминатава година предизвика низа позитивни коментари на социјалните мрежи, околу нејзините ставови насочени против неправдите на поличарите од било која политичка провиниенција и националност, кон граѓаните од било која националност.

Во својот последен пост, таа отвора нова тема во која ќе се пронајдат многумина: Воодушевени од Нормалноста.

„Често сум сведок на ситуации каде одредена личност, особено од јавниот живот на нашето општество, е аплаудирано и возвишено само поради фактот што е пристоен и разумен.

За да бидам коректна и да не посочам ниту еден конкретен човек ќе си се земам самата како пример.

Имено, во многу ситуации, од бројни луѓе сум добивала пофалби за начинот на кој го искажувам мојот став, браво што не сум шовинист, браво што си ја сакам државата, браво за течноста на говорот (на било кој јазик што го употребувам).

Браво за недостатокот на ароганција и дискриминација, браво што сум директна, па до признанија дека ме виделе на одредено место како уредно си чекам ред без да галамам или сум била културна со конобар/комшија/продавач.

Ова не ми се случува само мене. Ако посветиме малку внимание ќе утврдиме дека вест на денот станува дури и тоа што одреден функционер си оди на работа во точно работно време.

Што работник си ја извршува својата работна задача, што популарна личност е видена како селектира отпад, што градоначалник изградил 1000м пат, што возач не свирел и не пцуел во сообраќај.

Што младо момче му помогнал на стар и изнемоштен дедо да ја премине улицата и што медицински персонал бил љубезен кон пациент.

Зарем навистина сме дојдени на дереџе да си кажеме браво за нешто што би требало да се подразбира? Зарем ова би требало да е исклучок а не правило?

И покрај тоа сто живееме во лошо време, каде системот на вредности е превртен, мораме да сфатиме дека место да аплаудираме за нормални работи и целото внимание да го посочиме кон луѓе кои се однесуваат според универзалните норми,

треба да впериме прст кон тие кои апсолутно не се однесуваат пристојно и да одбиваме да дозволиме непристојноста да биде нормалност.“

Претходна статијаГи загуби сопругот и ќерката, внуката денес е најголемата утеха на нашата позната пејачка (ФОТО)
Следна статијаСе опушти Даниел Кајмакоски по обвинувањата дека бившата го труeлa, си мези со ракија и одмара во луксузен хотел (ФОТО)