Лила се врати во детството, замина во забавен парк (ФОТО)

0

Дино паркот во рамките на скопската Зоолошка градина секој ден е полн со посетители. Само во првата недела го имаат посетено 25.000 лица.

Иако во паркот е забрането посетителите да се качуваат на динасаурусите и местата каде тие се поставени се оградени со јажиња, сепак голем број не ги почитуваат правилата.

Не само децата, туку и возрасните влегуваат во забранетиот дел и се качуваат на карпите за да бидат поблиску за сликање до динасаурусите.

Децата ги јаваат реквизитите, ги влечат за опаш и за заби диносаурусите, во устата им ставаат камчиња и зеленило.

Вработените во Дино паркот велат дека иако има редари бидејќи секој ден има многу посетители не можат да ги контролираат сите.

„Апелираме до сите посетители да се почитуваат правилата на однесување, за да не се оштетат реквизитите и паркот уште долго време да биде атракција во Скопје“.

Фросина од Скопје имаше коментар на ваквите информации од Дино паркот:

„Зошто мислите дека баш вашиот подмладок е привилегиран да ги крши правилата само заради сопствен ќеиф и дали знаете каква порака им испраќате на вашите деца со тоа што им дозволувате да кршат правила?

Индиректно им кажувате дека правилата постојат за да се прекршат, а тоа многу ќе ги кошта во животот ако мислат дека се привилегирани да прават се што ќе посакаат..

Конечно нешто убаво во градов, а вие и вашите невоспитани деца ќе го уништите за брзо. Под итно повеќе обезбедување да се вработи и да се казнуваат сите што не ги почитуваат правилата.

Ваква стока од народ не заслужува ништо убаво. Не знам само дали да бевте во Германија ќе го правевте ова или таму пошто има ред, поредок и пред се култура на однесување ќе ви беше срам да ги кршите правилата, затоа што ќе бевте единствени и сите ќе ве гледаа со неверување колкав дебил може да е балканчето.

Ама ова е Мк, слободно униш тувајте. Тргнете прво од себе колку сте деструктувни заради сопствен ќеиф, па после нека не ве чуди зошто и политичарите не почитуваат ни едно правило и ни еден закон.

Вие не знаете да испочитувате ред во парк. До нас е. И ако ни е. И немојте во ни еден случај да сте се обиделе со коментар да го релативизирате ова со цел некако да го оправдате ваквото однесување.“, напиша таа.

Во Дино паркот, замина и Лила Стојановска, нашата позната водителка и инфлуенсерка. Таа си купи сладолед кој го рекламираше, уживаше во посетата на атракцијата и порача меѓудругото:

За сите …за деца и родители, мали и големи и сите кои сакаат вистински сладолед. Во Дино паркот има две атракции.

Диносаурусите и најпродаваните и најомилените сладоледи. Уживајте и освежете се и не…не им давајте на диносаурусите , со нив само сликајте се“, рече Лила.

Претходна статијаСаша Поповиќ синот на Сузана го прифати како свој, Даниел не сака да го види биолошкиот татко
Следна статијаТајно се омажи бившата на Дарко Лазиќ, Ана, прстенот чини колку еден автомобил (ФОТО)