Ламбе објави слика од синот и му порача: Уште фурни леб ќе требаат…

0

Познато е дека нашиот пејач Ламбе Алабаковски долги години живее во Америка, со своето семејство. А пејачот инаку е по потекло од преспанското село Љубојно, неговата гордост.

Ламбе Алабаковски, во 2013 година се ожени со неговата девојка Магдалена, македонка од САД. Набрзо потоа, Ламбе со Магдалена се пресели на Флорида, но никогаш не го заборави родниот крај, особено неговото село Љубојно во Преспа.

Додека живееше во Македонија, Ламбе освен пеењеето имаше и семеен бизнис. Како и повеќето семејства од преспанскиот крај, и неговото се занимаваше со берба и со продажба на јаблка, и овој бизнис се уште одлично им оди.

Кон крајот на април минатата година година, македонскиот пејач стана татко по втор пат на синчето Димитриј, додека првиот син, Михаил се роди токму на роденденот на Ламбе, на 16 ноември во 2014 година.

Пред да се пресели во Америка, Ламбе со семејството живееше во Битола. Музички беше послабо активен. Во времето кога живееше во Битола, се занимаваше со фамилијарениот бизнис, продажбата на јаболката од семејниот имот.

Моментално имам своја мала компанија за транспорт. Тука сè се работи и нема застанување. Со музика се занимавам само приватно дома и со пријателите.

Го завршив и факултетот, кој многу ми помага, но сепак подобро е да си свој газда на сопственото време и со своја фирма.

Тука се има, но само слободно време не. Мојата сопруга како и повеќето работи од дома, прво како добра домаќинка и мајка, па професионално со нејзината професија како медицински кодер на софтвер или како ли се вика по наше!

Ергенскиот живот не ми недостасува, но естрадата- да. Ми недостига, но сега сум со други приоритети во животот а музиката е во мене, таа не ми фали.

Таа е како дар од Бога, а подоцна кога ќе се посветам на некој проект би и се вратил на сцената, како одолжување кон својата публика, која верувам созрева како и мене низ животот.

Да не звучи клише но мојата сопруга ја љубам секој ден се повеќе а верувам и таа мене. Децата го зацврстуваат бракот и заедно ги поминуваме сите искушенија и проблеми кои ги носи животот“, изјави Ламбе на крајот од минатата година во интервју за ММС.

Ламбе во моментов е повторно во Битола, каде што живееше пред да се пресели во Америка. Тој објави стори на Инстаграм како ужива во прошетка низ градот, а потоа објави уште едно.

Пејачот се сликаше пред вечното почивалиште на Ѓорѓи Сугарев, македонскиот револуционер, член и војвода на Битолскиот револуционерен округ на Македонската револуционерна организација.

Тој му оддаде почит на Сугарев и го овековечи овој момент. На сликата се гледа дека пејачот воопшто не се сменил, изгледа како во деновите кога беше активен на естрадата.

Ламбе објави слика од својот син Михаил, на фудбалски терен, облечен во македонски дрес. До сликата, Ламбе напиша: Уште фурни леб за фудбалер ќе требаат!

Претходна статијаПејачката Стоја непрепознатлива: Што е со опашкиве? (ФОТО)
Следна статијаЕмилија Розман нема пари за купаќи, па се сликаше во базен без нив (ФОТО)