Кристина Арнаудова низ солзи се присети на татко си Гоце: Секогаш е со сите нас

0

Кристина Арнаудова веќе неколку години раководи со здружението „Проект среќа“ кое им помага на социјално ранливите категории, најмногу на децата.

Најновиот нејзин проект е „Проект куќа со Кристина“ во кој Кристина, заедно со нејзиниот тим ќе реновира 36 домови, а сето тоа ќе го гледаат гледачите на „Телма“ телевизија. Познато е дека таа соработува со Борче Стаменов, познат по акрцијата Донирај компјутер.

Човекот со златно срце еживее во Кавадарци. Борче кај неговите каварадчани е познат како човек со оригинален и специфичен хумор, а во цела Македонија стана познат како Борче- Донирај компјутер. Од 2016 година до сега, тој има донирано 822 компјутери.

Пејачката објасни на Фејсбук за што станува збор:

-Драги корисници и мили деца, жал ни е што најголем дел од вас имаа тешка учебна година. Нашите молби до компаниите кои можеа да донираат бесплатен интернет останаа неодговорени, иако им пишавме и неколку пати со молби за разбирање.

Благодарение на неколку општествено одговорни компании и #ДонирајКомјутер и Борче можевме да поделиме 100-на уреди за следење настава, и благодарение на неколку компании можевме да платиме интернет за цела година на 20-на семејства.

Но драги деца, вие сте храбри, издржливи… И подобри ученици од многумина кои имаат се!“, напиша таа.

Познато е дека Кристина е ќерка на познатиот пејач, легендата Гоце Арнаудов. Оваа година во декември ќе се навршат десет години откако тој не е меѓу нас.

“Легендите живеат засекогаш”, напиша Кристина Арнаудова за својот упокоен татко, фолк-пејачот Гоце Арнаудов, кога се навршија точно седум години откако засекогаш си замина познатиот пејач.

На 52 години, тој ја загуби неколкугодишната борба со канц-ерот. Во неколку интервјуа, Арнаудов раскажа дека се лекувал со алтернативна медицина за која веруваше дека ќе му помогне. Неговата ќерка Кристина, иако медиумите објавија дека долги години не биле во добри односи, често изјавуваше дека татко и е најдобар пејач во својата бранша.

Кога Гоце го напушти овој свет, Кристина рече дека жали што никогаш не го снимиле дуетот за кој долго се договарале. Таа на својата официјална Фејсбук страница го спомена татко си.

Поводот се песните од Гоце кои ечеа во Букурешт, како поддршка на нашите репрезентативци на ЕП во фудбал. Од звучникот на Елиф Елмаз се слушаше песната од гоце „Ќе пијам ќе лупмувам“, а оваа снимка се сподели на Твитер, по што Кристина напиша:

– Можеби физички не е со нас, веќе долго, но секогаш е со СИТЕ НАС, во сите нас, и во срцата на сите Македонци, без оглед на националноста! Срцето е големо, Македонско! Ве сакам момци! Фала ви за емоцииве денес, за солзите…. За се!!!“.

Претходна статијаСрбинот Ноле направи потег за респект, а откри и зошто – победничкиот рекет му го подари на дете од публиката
Следна статијаАнастасија емотивно ѝ честиташе роденден на Цеца и откри каков однос има со својата мајка (ФОТО)