Коментарот на србинот ги разгали македонските срца: Небојша објасни што му е мотив на Пандев да трча 90 минути на скоро 40 години

0

Македонската фудбалска репрезентација го игра своето прво Европско првенство во фудбал од осамостојувањето, нешто што беше сон на многу генерации, почнувајќи од првата, предводена од Дарко Панчев.

Првите два натпревари ги загубивме, но не разочаравме, напротив. Се бореа нашите момчиња и го дадоа максимумот со кој располагаат во овој момент.

Зошто сме на ова Европско првенство, нашите фудбалери покажаа на утакмицата со Австрија, кога речиси до самиот финиш имаа активен резултат и особено во второто полувреме со Украина, кога играта беше во нивните нозе. Сепак, немаа доволно среќа.

Најдобриот македоски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев, најави дека ќе се пензионира по завршувањето на настапите на Европското првенство, но голем број од неговите соиграчи го убедуваат да се предомисли.

Еден од тие е младиот Елиф Елмас, кој го притиска Пандев да продолжи да игра, бидејќи, како што вели, Македонија е во добра позиција во квалификациите за Светското првенство.

– Не знам дали мечот против Холандија в понеделник ќе му биде последниот натпревар на бате Горан, но и по ова Европско првенство имаме важни натпревари, нè чекаат квалификациите за Светско првенство, а тој ни е потребен во тимот.

Не сакам да оди во пензија. Но, ако тоа се случи, сакам да го испратиме на еден убав начин. Јас посакувам и се надевам дека нема да се откаже после овој натпревар против Холандија – рече Елмас.

Тој истакна дека македонската репрезентацијата е подготвена за мечот со „лалињата“.

– Ќе играме тежок натпревар без разлика на тоа што Холандија можеби ќе игра со втор состав. Тоа не ни е важно. Треба да ја играме нашата игра и да ја израдуваме нацијата со една победа. Одигравме два солидни натпревари, но неискуството си го направи своето – рече Елмас.

Најдобриот приказ за играта на нашиот тим, желбата и залагањето за националниот дрес, ја даде србинот Небојша Миличевиќ во коментар на социјалните мрежи:

„Она што го покажаа македонските момчиња се нарекува чест и бесконечност, љубов за дресот! Тагував бесконечно иако знаев дека Украина ќе ја добие утакмицата.

Зошто барем не беше нерешено!! Сакам само една работа да кажам за момците кои би сакале да се нарекуваат наши репрезентативци (мисли на српските репрезентативци).

Да го запознаат Горан Пандев некогаш во неговиот живот и да го прашаат – од каде му е силата да трча со скоро 4 децении живот, сите 90 минути.

Да им одговорам – од чиста љубов кон дресот и луѓето… и затоа Шкотска помина во Белград, иако се навистина послаби од Србија…

Љубовта се изгуби без, љубовта нема успех… Без љубов кон националниот дрес, нема репрезентација. Сакам искрено да им честитам на момците Македонци.

Македонците му покажаа на целиот свет како треба и за мене тие се шампиони на Европа и СВЕТОТ!“

Претходна статијаНовинарот Огнен Јанески објави фотка со неговиот вујко и ги изненади сите – се работи за нашиот познат актер (ФОТО)
Следна статијаАдријана, Ирена и Баже стокмени како за на свадба, се пофалија со убава новост (ФОТО)