Ќерките на Карлеуша на луксузен одмор, ќе ве заболи глава од сумата што ја искеширал Душко Тошиќ за одморот (ФОТО)

0

Каде и да се појави Јелена Карлеуша, сите погледи се насочени кон неа. Пејачката секогаш е во центарот на вниманието во своите модерни парчиња облека. Карлеуша (42) денес важи за една од најпознатите пејачки во регионот, со милиони следбеници на социјалните мрежи.

За нејзиниот моден стил пишуваат и светските медиуми, но на почетокот на нејзината кариера, далечната 1995 година, тогаш 17-годишната Карлеуша поминала трновит пат до славата.

-Кариерата ја почнав за време на вој ната, а она што сакав да го облечам ниту имав од каде да го купам, ниту пак имав со што. Многу често немав пари ни за чорапи.
Се сеќавам на моето прво телевизиско гостување на РТС, имав ужасна трема..

Носев фустанче сошиено од некој сребрен позајмен материјал. Имав смешна фризура и премногу шминка за 16 годишно девојче”, раскажува поп-дивата, во чиј гардеробер денес се наоѓаат парчиња и од неколку десетици илјади евра.

Јелена Карлеуша како што е познато е мајка на Ника и на Атина, а со следбениците сподели и една страница од дневникот кој го пишува Ника. Нејзините зборови многу брзо се раширија помеѓу обожавателите на пејачката.

„Само да знаете дека никој не е совршен, особено луѓето кои те оставаат и никогаш не би направиле ништо добро за тебе… Животот е таков.

Сеедно е дали ова ќе помине и сите ќе одиме на распуст и на море. Малку да се опуштиме од обврските и маките“, напиша ќерката на Јелена и на Душко Тошиќ која очигледно е талентирана писателка.

Фудбалерот Душко Тошиќм сопругот на Јелена, ги однесе ќерките Атина и Ника на патување во Турција, поточно во Бодрум, каде уплати најлуксузно хотелско сместување, а преубавиот поглед вреди неверојатна сума на пари.

Имено, постарата наследничка на Душко, Атина го покажа неверојатниот поглед од хотелот во кој престојуваат.

Покрај морето, тие уживаат во базенот во рамки на терасата, која ја има во секоја соба, додека покрај луксузниот хотел, уживаат во прекрасната природа и синото море.

Најевтината соба за него и девојчињата, за 10 дена чини 10.773 евра, додека има и поскапи, а погледот кој го покажа Атина, дефинитивно вреди за оваа цена.

Тошиќ го поминува време со своите наследнички и ги носи на патувања за паметење.

Па затоа, не е изненадувачки фактот што тие престојуваат на оваа локација, каде најскапата соба чини неверојатни 17.795 евра за десетдневен престој.

Кралски соби, тераси со џакузи, девет ресторани со тематика, базени на сите катови на хотелот што се наоѓаат во рамките на терасите, исто како што покажа и Атина, спа-центар, се само некои од погодностите на хотелот во кој престојува семејството Тошиќ.

Претходна статијаКасандра од Венецуела му упати порака на Новак Ѓоковиќ (ФОТО)
Следна статијаХаризматична сум, затоа толку ме има во медиуми – Ирена Спасовска за Вечер откри која е нејзината тајна