Каролина Гочева во бикини на плажа: Кога бевме мали… (ФОТО)

0

Каролоина Гочева, завчера ја пушти во етерот својта нова песна Идила, која е всушност преработка на тема од Драган Ѓаконовски- Шпато. Пред неколку дена, таа објасни каква нова музика подготвила, на социјалните мрежи:

– Драги мои пријатели, Мислам дека веќе можеме да си дозволиме да споделиме и по некоја убава вест. Многу се радувам што конечно можам да Ви го најавам мојот нов албум – проект на кој заедно со Duke Bojadziev и Ismail Lumanovski работевме скоро две години.

Албумот го снимивме на почетокот на оваа година, во јануари, додека идејата за истиот се роди уште во 2016та, после нашиот прв заеднички настап, на еден концерт на Дуке.

Избравме и преработивме 11 од најубавите македонски евергрини од 50ти, 60ти, 70ти години- златната ера на македонската музика, потпишани од некои од нашите најмаркантни автори Драган Ѓаконовски Шпато, Димитар Масевски, Тодор Бојаџиев, Љубомир Бранѓолица…

За неколку дена ќе може да го слушнете првиот сингл ,,Идила”, додека целиот албум ќе биде достапен наесен.

Секако дека планираме и нестрпливо го чекаме денот кога со вас ќе се дружиме и во живо, што ќе се случи во прва прилика штом ќе може да се работи онака како што се работеше до пред појавата на пандемијата.

Се надевам дека ќе уживате во овој проект толку колку што и ние уживавме во целиот процес на неговото создавање. Во меѓувреме, погледнете мала најава за ,,Идила”. Ве сакаме“, напиша Каролина.

На Фејсбук страницата на Авалон, нејзиниот менџер Бобан Милошески напиша:

Животот дојде таков да во моментов треба да си прилично глупав за да веруваш во иднина.

Реално, ни сегашноста денес worldwide не е нешто wow… Затоа пак, сите ние имаме минато, минато со многу поубави отколку лоши моменти во него.

Од тоа минато, најрафинираното македонско, произнесе новава песна на Каролина, Дуке и Исмаил. Нова, а доволно стара да го осетиме сите времето од кое излегла. Чисто, невино, перспективно, убаво. Повеќе од ова би било премногу да се каже. Уживајте во ,,Идила”. Бобан Милошески

Каролина даде интревју за Женски магазин и на прашањето: Колку си самокритична и строга кон себеси, и во работата и во животот воопшто, таа одговори:

-Поприлично. Не знам дали е тоа добро или лошо, ама некогаш баш знам самата да си се “уб ијам во поим” (се смее). Како и да е подобро тоа , отколку обратната варијанта (се смее)..

Кога бев (по)млада и несигурна знаев повеќе да вреднувам туѓо мислење од своето и многу пати знаев да згрешам, или и да не било грешка – да не сум задоволна од одлуката.

Сега се повеќе се водам од моето внатрешно чувство. Не би рекла дека сум импулсивна, но обично си го следам инстинктот, “шестото сетило“ и кога е така, ретко грешам.

Секако, знам и да се посоветувам со блиските ми луѓе, но крајната одлука мора да е моја“, изјави пејачката, а го спомна и своот сопруг, ликовниот уметник Михаил Корубин.

Имаме доволно работи кои ги правиме заедно, но секако и такви кои ги правиме засебно без да си “сметаме” eден на друг.

Михо многу работеше за време на целиов овој период затоа што неговата работа не бара физичка дистанца, па добро го искористи целото слободно време кое го имавме.

Си споделуваме се’ за тоа на што во моментот работиме. Многу ми е важно неговото мислење за тоа што го правам. Јас уште во почетниот процес на работа знам често да се консултирам со него, а тој повеќе сака да го сподели крајниот резултат“.

Каролина сподели спомен од убав одмор со својата постара внука, а инаку има и уште една, како уживаат на песочна плажа и напиша: Кога бевме мали. Пејачката во една прилика рече дека најмногу ужива во патувањата.

Претходна статијаМелани Тарчуловска: Овој живот ме крена да се борам со себе
Следна статијаСтарата и новата Атиџе, која повеќе ви се допаѓа? (ФОТО)