Каролина емотивно за мајка си: Ќе те “подбоцне” под срцето се она што не се изговорило и направило зашто си мислел има време

0

Каролина Петковска е долги години дел од Македонската радио телевизија, како новинар и водител на разни Тв проекти, Тв лице кое познато и кај нас и во дијаспората.

Таа е уредник на Редакцијата за Контактно забавни емисии во МТВ и во моментов го води „Неделен магазин“.

Каролина е позната и како најголемиот патриот меѓу новинарите. Таа секоја година ја коментира Евровизија во пренос во жив, освен овогодинешната, и една реченица остана нејзин заштитен знак.

Кпга треба да ја најави Грција, Петковска вели, нашиот јужен сосед. Во една прилика таа изјави дека тоа го прави затоа што е лута на политиката на оваа земја која Македонија претходно не ја признаваше под уставното име.

– Прекрасно е ова „чудо“ наречено – живот, нуди безброј мотиви за среќа и задоволство.

Се разбира ако умееш да ги препознаеш во “океанот” од стереотипи, изгубен вредносен систем изгубена правда и емпатија, од важни и помалку важни работи и луѓе.

Токму затоа, отсекогаш ме мотивираат луѓе коишто го имаат оној пркосен инает во себе и веруваат во вистината, дека: “ ако се сака- се се може”, ракажа Каролина во Женски магазин, и потоа зборуваше за своуте кафе-ритуали и ја спомена својата мајка.

-Подобро е ако го пиете кафето со луѓе со кои ви е убаво и кога молчите! И во едниот и другиот случај тоа се мојот сопруг Александар и сестра ми Даниела, со којашто сега за жал можам да го испијам кафето, само додека муабетиме на вибер, зошто последниве пет години со семејството живее во Америка.

И да…последниве четири години, до болка ми недостасува мирисот од тазе сомеленото и мераклиски, со љубов сварено кафе од рацете на мајка ми“, ракажа таа.

Каролина на Фејсбук ѝ посвети статус за својата мајка Трајанка, која многу ѝ недостасува.

– Колку многу е посиромашен животот и нашето постоење без физичкото присуство на некои луѓе! Без нивниот поглед, без нивниот мирис и збор, без нејзиното:

” Ало, што правиш, како се децата? Кое време ќе дојдете, за да знам, кога да биде готов ручекот…Колку само недостасува: “она” време кога тебе ти се чини дека, се ќе трае вечно со речиси “неподнослива леснотија на деновите и живеењето”…

А, потоа по некое време, пак се смееш и пак живееш, но повеќе ништо не е исто! Ни насмевките, ни мирисот на капучиното и домот, ни деновите!

Ќе донесе ветрот, одвреме навреме некој мирис или звук и…ќе те “подбоцне” под срцето се она што не се изговорило и направило, тогаш, кога можело и требало, зошто си мислел дека: “има време”, а единствено, тоа било “доброено”!

Што останува по човекот? Само љубовта која им ја дава на другите, без ништо да бара и очекува, за возврат! Ете, по тоа се спомнува и името и човекот!

*На мајка ми Трајанка,( 1942-2016). *Спокој на душите и вечен спомен на сите наши луѓе чијашто љубов е светилка во нашите животи!’, напиша Каролина.

Претходна статијаМи се плаче кога шират лаги за мене: Најискреното интервју на Цеца
Следна статијаНовинарот Огнен Јанески објави фотка со неговиот вујко и ги изненади сите – се работи за нашиот познат актер (ФОТО)