Калиопи објасни во Србија: Македонското сонце е љубов (ВИДЕО)

0

„Дали ви се допаѓа оваа стара фотографија? Мислам дека ми треба нова фотосесија што е можно побрзо“.

Вака ги праша Калиопи своите обожаватели на Инстаграм и на Фејсбук неодамна, и објави една постара слика од постара фотосесија.

Музичката пред неколку викенди уживаше патуваќи низ Македонија, и објави фотографии од Кавадарци. Имено, Калиопи ја посети црквата Света Петка и напиша сосема кратко; Моја Македонија.

Калиопи, објавувајќи свои слики објавува и стихови од нејзините песни како на пример песната „Мојот дом“ која оди вака: “Само затвори очи и силно гушни ме.

Не предавај се, оваа љубов твој е дом. Никој од тебе не бара солзи за каење. Ни вака од внатре ни на јаве, ни на сон…”

Пејачката сподели стихови од својата песна „Од себе не одустајем“ и објави свои природни слики на кои е многу среќна и насмеана.

Овие фотографии ги бендиса бизнисменот Трифун Костовски, кој ѝ е голем пријател на Калиопи.

Нивното пријателство трае долги години, што се гледа и по објавата на Костовски на неговиот сајт за роденденот на Калиопи минатата година, на 28 декември.

Почитувани, на денешен ден не многу години наназад е родена нашата дива Калиопи! Истрајна, емотивна, со своите специфични и високо професионални изведби на нејзините песни, ме воздигна мене, ве воздигна вас, ја воздигна Македонија.

Нашата Калиопи по хороскоп е јарец, а ние јарците сме посебен ков на луѓе. Да живеат јарците. Ама секако и со останатите хороскопски знаци. Засекогаш твојот другар Трифун“, напиша Костовски.

Калиопи неодамна објави дека е многу среќна, а објасни и зошто е тоа така. Зошто сум толку среќна? Затоа што штотуку слушнав нешто ново од музичката лабораторија на господинот Ромео Грил…

И знаете што? Едвај чекам да се вратам во студиото, да снимам и да споделувам со вас… За да застане оваа луда ситуација и да се вратиме во нашите вообичаени животи… “, напиша таа.

Калиопи беше во Белград, како гостинка во емисијата „Студио“ која е всушност мултимедијално музичко шоу, каде што познати пејачи пеат стари песни во нови аранжмани.

Емисијата се емитува на Радио телевизија Србија секоја сабота. Калиопи на социјалните мрежи објави видео во кое таа ја пее песната „Македонија“ која на времето на има испеано Дадо Топиќ, познатиот хрватски музичар.

Во видеото, таа објаснува што за неа и за целиот народ претставуваа оваа песна.

– Тоа беше време на Југославија кога не се пееше многу за републиките посебно, ние секогаш пеевме за една земја. Со самото тоа имам чувство дека луѓето сфаќаат дека македонското сонце е љубов и желбата на тој народ себеси да се дава на другите е некако блиска.

Посебно благодарам на Дадо Топиќ, кого го обожавам, кого го сакам, кој е мој голем пријател, тој некако го опеа сето она што многу други никогаш не би рекле, а да не е Македонец.

Претходна статијаБорче од Кавадарци направил изненадување и хумана акција што сите ќе не замисли (ФОТО)
Следна статијаВе вреѓа кога ве викаат татари, а нас не навредува кога не викате бугари: Познатиот музичар ги прозва соседите (ФОТО)