Ирена Спасовска се пофали зошто има „путер“ лице без шминка

0

Бидејќи е на домашната музичка сцена уште од далечната 1989 година, Ирена Спасовска добро знае дека на естрадата освен добра песна, потребна е и провокација.

Како што е познато во 2018 година пејачката имаше турбулентна година на приватен план..

Таа ја прекина 13 годишната врска со новинарот и поранешен уметнички директор на „Фолк фест Валандово“, Орце Гелевски.

Откако остана повторно слободна или кариерата и тргна во ептен нагорна линија, па заработката е таква што може да си дозволи луксуз на висока нога.

Ирена сега послабо настапува но времето го користи за себе и за здрав живот. Вели дека внимава што јаде и редовно вози велосипед.

За да се одржи во добра форма, пејачката редовно вежба во теретана со личен тренер, внимава на изгледот, вегетаријанец е и се храни здраво.

Секое утро, таа пие свеж лимон со пола литар топла вода, и тоа многу ѝ помага во топење на мастите.

Спасовска се покажа и како добра домаќинка, па за Василица објави слика од василичарското диетално лепче и напиша: „Идеална диетална храна за детокс на организмот после празниците е лепчетп без брашно од цели изртени зрна.

Од хумусот со различни вкусови го преферирам пикантниот и есенскиот“, рече Ирена. Потоа, готвеше здрава храна и кај нејзината стара пријателка и колешка Адријана Алачки, со која ја започнаа музичката кариера како дуо, во емисијата „Вкусот на традицијата“.

„Вегетаријански специјалитето, лазањи со тиква и полнети и печени компири. Вкусот на традицијата. Јас и мојот асистент во оваа емисија“, напиша Ирена на Фејсбук.

Неодамна, таа сподели интересна порака на Фејсбук: Никогаш не се врти наназад. Таму е се без промена. Убав ден пријатели.

Ирена во последно време стана инфлуенсерка, по теркот на светските и на балканските ѕвезди од нејзината фела. Сите тие, сега заработуваат на овој начин.

Откако пејачите слабо настапуваат, таа на Фејсбук рекламира разни производи кои ги конзумира и во кои ужива. Станува збор за здрави напитоци, салони за убавина, ресторани, салон за мебел, па дури и кломпи.

Таа на Фејсбук им упати порака на сите оние кои ја критикуваат. Објавувајќи своја фотографија, Ирена напиша:

– Во инает на моите мразачи и годините што доаѓаат се чувствувам помладо дури и од пред петнаесет години. Ќе му пркосам на времето со мојата ведрина, духовност и виталност“, напиша пејачката.

Во една своја објава Спасовска сподели слика од себеси, но и од ќерка си, со која имаше повод за славење, во домашни услови.

На прв поглед, според украсеноста на нивиот дом, изгледа како Тамара или Ирена да слават роденден, но не е така. Роденден слави нивниот миленик. Ирена го украсила целииот стан во роденденски дух и напиша:

– Си славиме пет годинки на нашето милениче Луна. Да си ни живо и здраво меченце слатко што ни даваш неизмерна љубов. Среќни сме што те имаме и многу те сакаме“, објави пејачката и го покажа својот украсен дом и торта со свеќичка.

И таа и ќерката на сликите беа роденденски дотерани, а имаат дури и славенички капи.

Спасовска објави слики од себеси како ужова во разубавувањето, на козметички третман, масажа на лицето со маска. Во објавата, таа се пофали дека нејзиното лице изгледа убаво и без шминка.

Путер лице без грам шминка. После одмор, третман за враќање на сјајот и еластичноста на кожата на лицето.

Дермоабразија, со масажа и лимфна дренажа за исфрлање на непотребните тецности. Серум и хеулорон за потхранување на кожата“, објасни Ирена.

Претходна статијаЛидија Кочовска во кратко фустанче, одмара на плажа (ФОТО)
Следна статијаСон на сите е да заминат во Германија или Швајцарија, а Ханс дојде да живее во нашите краиштa