Игор Џамбазов со емотивна и силна порака за нашите фудбалери на Европско (ФОТО)

0

Игор Џамбззов е секогаш горд на својата мајка, актерката Анче Џамбазџова, но и на татко му, маестро Александар Џамбазов.

Игор во едно интервју изјави што научил од мајка му и од дедо му, легендарниот актер Петре Прличко: Од мајка ми научив како се сака. Ако сакаш, сакаш без поговор. Таа ме научи како да ги сакам најблиските, како да ја сакам својата професија, како да го сакам секој ден од животот.

Ова последново не ми успеваше баш секогаш. И само тука ја разочарав. Од татко ми научив дека креативното лу дило е дозволено. Од него научив и дека најважна е чесноста. И се трудев да бидам чесен. Мислам дека успеав, затоа што во животот бев нечесен само кон себе.

А од дедо Петре научив дека ако не мислиш дека си центар на светот, не можеш да бидеш актер, хехехехе…од него научив дека „боемштината“ не значи да си пијан од утро до мрак.

Дека тоа е начин на живот. Боемштината се љубовта, другарството, музиката и поезијата во еднo“, рече Џамбазов за „Фактор“.

Џамбазов во една прилика сподели уметничка фотографија од Петре Прличко на Инстаграм и напиша: Дедо ми 5-ре низ очите на легендарниот Димитар Кондовски…масло на платно.

Актерот има повеќе од 93 илјади следачи на Инстаграм, и неговите видеа кои во последно време се најчесто од Дојран ги орасположуваат неговите следбеници во ова тешко време.

Од неодамна, Игор е активен и на социјалната мрежа ТикТок, како и сите светски и балкански ѕвезди, и за кратко време веќе го следат 14 ипол, илјади луѓе. Во новото видео тој упатува благодарница и во неа вели:

– Едно големо, најголемо благодарам до сите доктори, медицински сестри и брача, полицаjци, војници, касиерки, продавачки, шофери, таксисти.

Благодарам, од името на Македонија, за се што правите за нас“, рече актерот и ја испеа песната од една позната реклама која почнува и вели:

Мерси е моето благодарам, мерси за тоа што си ти.“ Џамбазов сподели црно-бела слика со своите драги колеги и носталгично напиша:

Со колегите Александар Чамински и Раде Рогожаров, некаде во минатиот век, пијани од слобода, љубов кон театарот…и пиво.

Тој е сега во Охрид со Илина која таму има свој хостел, а на едно од сторињата вели: дојран дојде во Охрид.

Џамбазов сподели слика од својата мајка Анче и дедо му Петре Прличко од насловна страница на ревијата „Екран“ од далечната 1970 година и објасни:

-Тоа беше престиж, да си на насловна на “Екран” Јас сум бил скоро дваесет пати, и секогаш по малце сум се подмочнувал во гаќи од среќа…“

Како што е горд на својата мака, татко и дедо и на својата Илина, Игор е горд и на нашите фудбалски репрезентативци кои денеска за сефте на Европското првентсво ќе заиграат со Австрија.

Џамбазов на Инстаграм им упати порака како поддршка и брзо доби многу позитивни коментари. Еве што им порача Игор на фудбалерите:

Дечки, ми го остваривте сонот од младоста. Бескрајно ви благодарам за тоа. Вие веќе одамна сте моите шампиони.

Играјте со вашите големи срца и лавовски души. Македонија е со Вас!“, напиша Џамбазов кој сподели слика од селекторот Иготр Ангеловски- Мрме.

Претходна статијаМарина Туцаковиќ се појави без перика, и изјави многу од пејачите не ѝ се јавиле да прашаат како е (ФОТО)
Следна статијаВодителката Елена во куќа со базен се фотна во костим за капење и порача (ФОТО)