Фустанчето на Анастасија вреди колку една кола, глава боли од сумата (ФОТО)

0

Анастасија Ражнатовиќ е многу блиска со нејзината мајка која сама ги воспитуваше неа и брат ѝ Вељко.

Младата музичка ѕвезда објасни зошто е горда на својата мајка и откри од што се откажала Цеца заради своите деца со цел да ги поведе на вистинскиот пат.

„Таа се откажа од сè затоа што е поинаку кога двајцата родители се грижат за растењето на своите деца. Самохран родител треба да носи сè сам на грб.

Мајка ми е цел живот јавно изложена на многу работи. Сето тоа ја отежнуваше ситуацијата, бидејќи беше со голем притисок во јавноста, но Цеца мораше да биде и добра мајка. Јас сум многу горда на неа,

секогаш и засекогаш – рече Ражнатовиќ и испрати силна порака до сите самохрани мајки: Мајка ми најдобро може да го каже тоа, бидејќи таа е таа што го помина тој тежок период од животот.

Но, кога ќе се сетам на мајка ми и нејзиното искуство, би им порачала да бидат силни, да им бидат најголема поддршка и пријатели на своите деца, и сè ќе биде како што треба. Децата ќе знаат како да го ценат тоа“, откри Анастасија

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ го прослави својот 23-ти роденден во еден белградски ресторан. На гала прославата присуствуваа нејзините најблиски – семејство, пријатели, роднини, соработници.

Гламурозната забава беше подарок од нејзината мајка Цеца, која се обиде да ѝ ја исполни секоја желба на нејзината наследничка, додека момчето на Анастасија, Ѓорѓе Кулиќ, ја изненади пејачката со луксузното патување на Миконос, кое тој ѝ го подари за роденден, пишува Курир.

Инаку, Ражнатовиќ откри дека го пречекала роденденскиот ден во друштво на своето момче, но и нејзината мајка и дека заедно направиле здравица.

-Без изненадувања, бев дома со мајка ми и момчето. Наздравувавме со пијалок на полноќ, разговаравме, уживавме, но ништо спектакуларно.

Организираат нешто за мене секоја година, така што сигурно не би ме изненадиле, за мене е сосема во ред тоа да го сторивме толку суптилно.“

Анастасија, поголемиот дел од слободното време го поминува со својот внук Жељко Ражнатовиќ, кој полни ќедна година за два дена.

Имено, синот на Веjко Ражнатовиќ и Богдана Ражнатовиќ ќе го прослави својот прв роденден денес, а Анастасија откри дека нивното семејство се подготвува за прославата.

– Како се роди вчера, а тој прооде пред неколку дена. Зборуваше и веќе зборува мама, тато, дедо. Тетка рече еднаш и никогаш повеќе.

Морам да му купам нешто, сепак, тој е близнак во хороскоп за неговата тетка и баба, рече таа во емисијата „Попладне со Стеван“ и откри дека планираат роденденска прослава и се многу среќни.

Каде ќе се одржи забавата и кој ќе биде таму од гостите, останува да видиме.

Пејачката Александра Младеновиќ го прослави својот 27-ми роденден, а по тој повод организираше прослава во елитен белградски бар.

Меѓу многуте гости беше и Анастасија Ражнатовиќ, која неодамна го прослави својот 23-ти роденден и која сега „однесе сè“ со скапиот стајлинг!

Анастасија дојде во тесен бел фустан кој ја истакнуваше нејзината витка линија, над која облече јакна, а во раката имаше прескапа торба што Цеца ја носеше на ревакцинацијата.

Станува збор за торба од новата колекција на брендот „Шанел“, чија вредност, во зависност од големината, се движи од 4.000 до 6.000 евра!

Претходна статијаМилчо Велјановски објави негов протокол за свадби: Свекрвата задолжително да биде на дистанца од снаата 100 метри (ФОТО)
Следна статијаБогдана со емотивна честитка за роденденот на малиот Жељко (ФОТО)