Приказните за фолкерката Сања Цинцева или попозната во јавноста како Сања Барби се секогаш интересни за јавноста. Пред неколку години, таа долг период престојуваше во Швајцарија.
Причина за тоа, како што тогаш тврдеа многумина, е нејзиниот дечко кој живее таму, а со кого Барбиката е во врска неколку месеци. Двојката се запознала сосема случајно, а љубовта се родила уште на прв поглед.
Имено, на еден од настапите на Сања, која честопати пее во Швајцарија, меѓу гостите бил и бизнисменот кој веднаш штом ја здогледал згодната струмичанка, изгубил глава по неа.
По настапот, тој и пришол, се запознале, а само неколку дена потоа се родила и љубовта меѓу нив. Сепак, фолкерката ги демантираше ваквите шпекулации.
“Нема врска, немам дечко. Точно е дека сум во Швајцарија, но немам дечко. Работно престојувам тука и се враќам кон почетокот на идниот месец”, рече Сања тогаш за медиумите.
Минатата година, фолкерката Сања Цинцева го промовираше видеото за темата „Барбика кралица“ кое што го сними заедно со Џамбо Агушев.
Автори на ова музичко дело се Борче Нечовски и Дејан Момировски, додека, пак, видеото е дело на Дарио Јанковиќ.
Во еднно интервју неодамна, Сања доби прашање: која фолкерка е на врвот на македонската фолк-сцена, дали е тоа Сузана Гавазова или Елена Велевска. Според тебе која го заслужува пехарот?
– Секоја е добра на свој начин. Сепак, мислам дека јас сум на врвот, па десет места празни, па се останато. (ха, ха, ха), изјави таа.
Барби гостуваше во емисијата Фолк парада на Алфа и вешто ги избегнуваше прашањата за нејзиниот приватен живот.
Во играта која ѝ ја зададе водителката Анита, таа кога и да требаше да одговара на провокативни прашања ќе речеше: Дај една ракија.
Таа објави провокативна фотка на Фејсбук и овожавателите веднаш почнаа со коментари. „Секој коментар за твојата убавина ќе е премалку…“, вели еден.
Оваа жена исчезна нешто. А, толку е слатка и симпатична, многумина од естрадата можат вода да ѝ носат. Супер изгледа, згодна и умерено провокативна.
Најмногу ми се допадна кога ја испеа „Министерка“, изјави еден обожавател на Барби.
Фолкераката сега објави нова песна во која збпрува за пандемијата и актуелната состојба, а песната почува со стиховите: Не изигравај ми дистанца, кога сме си само ние двајца“, па вели:
Сакам да ме учиш медицина, како се става вакцина. Извади маска диши, напрај атмосфера, тело доближи, допри ме во душа, усни проближи“.
Оваа песна брзо стана хит, а фолкерката се пофали на Фејсбук со зборовите: „А кој би „здрмел“ ако не сум јас. Новите трендови секогаш ЈАС
Хејтери: Stay with me“, објави Барби на Фејсбук.
Потоа, Барби им се обрати на Фејсбук на сите како што таа ги нарече „хејтери“:
-Почитувани хејтери. Долго размислував на крајот одлучив да оделам малце време и за вас. Свесна бев дека не знаете да ја препознаете храброста да се донесат новите трендови кај нас, но ете и овој пат решив да бидам во првите и покрај тоа што знаев на какви коментари ќе наидам.
Ама ако не Ви замерувам, толку Ви е капацитетот да процените и да вреднувате, само не ми е јасно како ги поддржувате естрадните уметници од регионот со овој жарн на музика, а нас домашните не плукате, вре-ѓате и понижувате, од мене простено Ви е.
На крајот од денот ако не Ви се допаѓа не слушајте и не гледајте, сите ние имаме различни вкусови, а во тоа сум сигурна бидејќи покрај многуте хејтерски коментари, добив дупло повеќе поддржувачки и охрабрувачки коментари, да бидам искрена Ви благодарам и на едните и на другите.
Имало и коментари од типот дека сум ги исмејувала жрт-вите од Ко-вид, НЕ НЕ НЕ, како би ги исмејувала кога и јас лично го прележав вирусот, темата на песната е таква се со цел малце позитива да дадеме на се околу вирусот, да ја тргнеме барем на неколку минути негативната енергија! Ве сака Сања Барби, наскоро се гледаме и дружиме на најдобрите забави!