Емилија Розман е поранешна Мис на Македонија, диполомиран дефектолог и голем хуманитарец. Таа е една од најпопуларните лица на социјалните мрежи кај нас.
– Луѓето секогаш се збунуваат кога некој ќе праша кој е тој и тој, Јас сум јас. (хахаха) Јас сум сето тоа што го правам во животот, луѓето што ме опкружуваат, моето секојдневие, работите што ги правам, музиката што ја слушам.
Обична девојка која заврши на Институтот за Дефектологија на Филозофскиот Факултет, и паралелно си влезе во една нова авантура Шпански јазик на Филолошки Факултет што малку поспоро иде со оглед на моите ангажмани.
Волонтер сум во Црвен Крст уште од мојата 10та година и тоа е нешто што ме исполнува и ме прави најсреќна на целиот свет. Работам и како модел што многу луѓе нели тоа го потенцираат и покрај тоа што сметам дека треба акцент да се стави и на други работи но тоа е тоа, и така накратко тоа е Емилија Розман“ изјави таа во интервју за https://voiceskopje.org/
Потоа, раскажа за нејзините почетоци во манекенството.
– Започна отприлика околу мојата 17та година, реално цел живот бев машкоданка, обожавав да играм фудбал, да играм кошарка, не ги сакам многу многу оние барби работи на некој начин не ми беа така привлечни интересни. И брат ми често ми кажуваше “Не треба да се каеш за работите што ги имаш направено, но за тие работи кои ги немаш направено”.
Јас на 17 год. со мојот детски мозок размислував што јас немав направено во мојот живот, нели на таа возраст е огромна работа да имаш 17 години (хаха) и дојдов до заклучок дека може треба да пробам нешто така по женствено да бидам манекенка.
И така започнав со курс што реално во нашава држава е смешна работа , и така влегов во тие води и одеднаш почнаа да ми нудат ревии, каталози, сликања и се друго што тоа мене ми беше забавно на таа возраст поради тоа што нели сеуште не си насочен што точно сакаш да бидеш, професија и слично, запознавав луѓе бев во тие кругови и беше интересно. И
така сето тоа на некој начин продолжи да си функционира, почнав да заработувам, ми се пружи можност да патувам низ светот што е мојата најголема желба така што, работите си течеа сами по себе иако не очекував дека ќе завршам во тие води, затоа тогаш најнебулозната работата за себе што можев да ја замислам е дека ќе станам толку женствена и манекенка но, се случи.
Џон Ленон мислам кој кога го прашале што сакаш да бидеш во животот одговорил СРЕЌЕН, па му кажале дека не го разбрал прашањето а тој им одговорил не сте го разбрале одговорот.
Тоа ми е еден од главните цели во животот да бидам среќна, исполнета пред се духовно поради тоа што, џабе ни се материјалните ствари, кога во 21 век се се сведува нели на материјалното, на богатството, на славата, што е тотално небитно затоа што човек може да ги има сите пари на светот но ако одвнатре не се чувствува исполнет и среќен сето тоа му е џабе.
Така, сакам да бидам среќна, успешна и работам на се тоа што сакам да постигнам, сакам да го прошетам светот, сакам да им помагам на луѓето и сакам да ги правам среќни“, рече Розман за себеси.
Таа беше Мис на Македонија во 2015 година во Кина, а таму заина преку Лидија Велковска, која е организаторка на Мис. Таа била Мис на Југославија во далечната 1975 година.
– Мис Македонија 2015 и Мис Југославија 1975. Ја обожавам. Ти благодарам за се што имаш направено за мене“, напиша Емилија кога објави слика од дружбата со Лидија Велковска.