Џокси: Скокнав на бина, на радоста и немаше крај – дознав дека сум и ВУЈЧЕ на Анета Молика (ФОТО)

0

Еден од најпознатите наши пејачи, Ѓорѓе Васиќ, алијас Џина Папас Џокси е најпознат по песната „На Велигден“. Околу Велигденските празници, Галама доби ексклузивна исповед од Џокси, што му било инспирација да го напише безвременскиот хит:

„Најубавите години од животот ги поминуваш со својата баба. Таа што ќе ти зготви го јадеш со невидена сласт, па макар било и лепче со шеќер и вода, најомиленото јадење за игра со другарите на улица.

Секогаш е ведра, насмеана, со широка прегратка, со румени обравчиња само за галење, со ни грам лутина во себе, а со неа најлесно заспиваш, и како да не ја сакаш. И на крај, баба што приказни ќе ти раскаже нема никој друг на светот.

Така и мојата Уранија, на мајка ми мајка. Секогаш ја задевав за тоа каков љубовник бил дедо и зошто баш него одбрала, нели имало и други момци во селото (с. Ранци, Егејска Македонија).

Еднаш ја фатив во добрите и со она “пази да не не чуе“ (дедо ми Димитрија), ми ја раскажа нивната љубовна приказна.

Се случило тоа кон крајот на 20те години на минатиот век. Баба била многу убава жена, така што прадедото Никола имал мака од стројниците. Најупорни биле сторјниците на дедо ми Димитрија кои по третиот обид успеале да добијат збор, а сето ова се случувало на Велигден во дворот на црквата св. Атанасиј во с. Ранци.

За нивниот живот, Уранија и Димитрија добиле осум деца. Мајка ми Гина е четвртото дете. Сите деца се родени во Ранци, само најмалата тетка Љубица во Македонија“, раскажа Џокси за Галама. Љубовта на неговите баба и дедо, му биле инспирација да ја напише песната.

Џокси денес со ново изненадување. Тој на својот профил на социјалните мрежи, објави фотографија со нашата најдобра и најпозната фолк пејачка Анета Молика и напиша дека му е внука!

Галама го контактираше Џокси и побаравме објаснување од каде сега ова? Еве што изјави популарниот пејач за нашиот портал:

-По егејска линија. Дедо и Коста и мајка ми Гина први брачеди … Тоа случајно го откривме на снимање на е емисјата на на Анита Даева за Балкан мјузик.

Тоа беше невиден ш оk за нас двајцата, се разбира, оној вчудобевиден ш ок, зар е можно да не сме знаеле до сега. На повик мајка и ја потврди информацијата.

Интересен беше муабетот. Зисо, еден од музичарите во групата Молика, на кaфе пауза, ме праша за егејските корени, и откако заклучивме дека сме од Кајлари не повикаа на симање, јас бев на ред.

И додека Зисо ја зимаше хармониката дофрли: ете, и Анета е од Птолемаида (грчки топоним за Кајлари). И нормално, следното прашање беше кај поточно? Јас велам од Ранци, таа и јас од Ранци, јас од Попови, таа и јас од Попови … и се фрлив на бина од радост на кој и немаше крај, вели Џокси за Галама.

ГАЛАМА: Значи, му доаѓа дека ти си и вујко на Анета Молика?

-Да, братучед со мајка и. Ја прашала зошто не си ми кажала, а таа и одговорила: „Сме зборувале, ана ти си била мала“.

Ги прашав и моите, и као она па да, знаеме … Сите знаат, само ние не. Инаку, од нашта фамилија е и Стојче Тошевски познат македонски композитор на сериозна музика, но и Методија Тошевски, првиот министер за финансии во независна Република Македонија.

Заклучок од сето ова е дека кр фта не е вода. Анета Мицевска е еден од најдобрите вокали на Балканот, а трагата на Ѓорѓе Васиќ, алијас Џина Папас Џокси е неизбришлива во македонската музика.

Претходна статијаЌерката на Гоце Арнаудов, низ солзи раскажа за татко си и за Пандев: Тој и Гоче имаа посебна врска
Следна статијаОд утре, Германија се отвора за Македонци