Актерот Дац, но и уште еден човек, имаа што да му порачаат на Венко Филипче: Жените ќе го спасат светот (ФОТО)

0

Доцна синоќа медицински тимови од неколку скопски клиники ја направија трансплантацијата на срце.

Срцето на 44 годишната пациентка чие семејство несебично реши да ги донира органите, од утрово почна да чука во градите на пациент кој со години боледува од тешка кардиоваскуларна болест.

Пациентот доби шанса за нов живот а во следните неколку дена неговата ситуација ќе биде критична во однос на тоа како телото ќе го прифати новиот орган.

Министерот за здравство Венко Филипче преку социјалните мрежи напиша дека повеќе детали за трансплантацијата ќе се соопштат денес.

Од донорот, пациентка која претрпела мозочна см -рт направена е и експлантацијата на бубрези кај двајца други пациенти.

Велиме браво за семејството за несебичниот гест бидејќи со хуманоста спасија три животи и подарија надеж за подобар живот на неколку пациенти“, објави ТВ Телма.

На Фејсбук утрово се оглси министерот Венко Филипче кој напиша:

-Рано утрово срцето на 44 годишната пациентка чие семејство несебично ги донираше органите, почна повторно да чука. Следните денови се критични да се надеваме дека телото ќе го прифати новиот орган.

Пациент кој неколку години боледува од тешка кардиоваскуларна болест добива шанса за нов живот.

Во изминативе 24 часа околу 100 тина лекари, медицински сестри и болничари работеа заедно како тим и покажаа како беспрекорно функционира здравственитот ситем. Повеќе детали за трансплантацијата во текот на денот’.

На оваа објава, тој доби многу коментари а еден од нив беше и од актерот Драган Спасов- Дац кој рече едноставно Браво! Имаше уште еден коментар кој вели:

Сите 4 донори се жени. Жените ќе го спасат светот!

Претходна статијаАна Јовковска: Каков пустош, ми се плаче!
Следна статијаПознато е кои документи ќе треба да се приложат за да се добие ваучер за на одмор ова лето