Заев во Брисел се опушти со пиво, пријател објави слика од дружбата (ФОТО)

0

Премиерот Зоран Заев и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на денешната средба во Брисел заклучиле дека треба да се спроведе одлуката на земјите на Унијата од март 2020 Македонија и Албанија да ги почнат пристапните преговори за членство.

И двајцата се надеваат дека со поддршка на португалското претседателство, кое вложува силни заложби и голема политичка волја, ќе биде отворен патот што ќе овозможи Бугарија да се приклучи на консензусот за усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција без натамошно одлагање, стои во соопштението на владината прес-служба.

Претставниците на ЕУ знаат и разбираат дека нашиот македонски идентитет и македонскиот јазик не се и никогаш нема да бидат за преговори, рече македонскиот премиер Заев пред вечерата со Борел.

Заев традиционално и годинава се обрати на Виенскиот Економски Форум, посветен на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан, со кој е предвидено финансирање до 9 милијарди евра за инвестиции во областите на транспорт, енергија, зелена и дигитална транзиција.

На Виенскиот Економски Форум воведни обраќања има и Оливер Вархеји, еврокомесар за соседска политика и проширување на ЕУ, Јанез Јанша, претседател на Владата на Република Словенија, Томас Арнолдер, извршен директор на Групацијата А1 Телеком Австрија, домаќин на овој настан на Виенскиот економски форум како и Петар Умундум, претседател на Виенскиот економски форум.

Премиерот Заев истакна дека Виенскиот Економски Форум исклучително успешно ја остварува својата мисија да биде точка за унапредување на регионалната економска соработка на земјите од Западен Балкан и Југоисточна Европа.

Тој додаде дека Владата со поддршка на сите чинители во општеството како и со меѓународните финансиски институции креираше мерки за ублажување на ефектите од пандемијата со план за раст на економијата на среден и долг рок.

Во Белгија веќе неколку месеци живее Виктор Илиески, поранешниот директор на Филхармонија со семејството. Во претходно интервју, додека уште беше директор на оваа инстутитуција, и пред да започне пандемијата, Илиески најави дека се преговара за концерт на голема ѕвезда.

– Имаме преговори со Пласидо Доминго за настап со филхармоничарите. Ја чекаме конкретната одлука на министерството за култура, со колкав буџет ќе располагаме во 2020 година, зависно од тоа и ќе донесме одлука“, изјави тој.

– Со мојата работа како прв човек на институцијата, лично сум презадоволен од сите резултати кои ги постигнавме. Во овие две години успеавме да ги решиме сите недостатоци на објектот, кои ги утврдивме во текот на работата.

-Набавена е опрема која што е неопходна за целиот процес на институцијата. Оформено е и ново одделение за аудио и видео продукција.

-Во однос на програмскиот и продукцискиот дел, успеавме да ја подигнеме програмата на повисоко ниво. Исто така, имаме поголема поддршка од Министерството за култура.

-Конечно добивме конкретна поддршка од страна на пријателите и спонзорите на институцијата. Имаме конкретен бенефит за институцијата. Добивме нов концертен клавир во вредност од 160 илјади евра после 28 години. Во новата сезона имаме најави за конкретни корпоративни партнерства со неколку компании“, изјави Илиески во интервју за Слободен печат.

Почитувани колеги, соработници, пријатели, После 3 години водење на една од најуспешните институции од културата , од денес започнувам нова страница од мојот приватен и професионален живот.

На 28.07.2017 година започнав нов предизвик, свесен и спремен за огромната одговорност која ја преземав. Работев со огромна љубов, посветеност и желба да ја издигнам институцијата Македонска филхармонија!

Горд сум на целиот тим кој што работи во институцијата и кој што го дооформивме со 40 нови вработени! Се радувам што во 3 години, со огромна посветеност, со голема поддршка на државата и поединци, предавам институција која по сите параметри и стандарди е меѓу најуспешните институции од културата!

На мојата колешка Тина Иванова, како мој наследник и посакувам успешна работа и ќе бидам секогаш на располагање на институцијата, министерството за култура и Владата! На крајот сакам да и се заблагодарам од се’ срце на мојата сопруга Елена, која за целиот период ми беше вистински столб!

Од денес нашиот нов дом е БРИСЕЛ!“, објави тој во октомври минатата година. Денес Илиески раскажа со какви мерки Белгија се изборила против ширењето на вирусот.

– Во Белгија речиси 5 месеци во континуитет, на сила се строги мерки…

-Затворени ресторани, кафичи, пабови ; Забрана на организирање на настани – концерти, претстави ;

-Полициски час – од 22 ч.навечер до 5 ч. наутро!“, објави тој. Потоа, на прашање од пријател дали овие мерки имаат ефект, тој објасни: „Крајот на октомври имаше по 25000 случаи дневно, бројките паднаа на 2000….Овој период почнаа да растат 3000-3500.“, објави тој.

Заев, за време на посетата на Брисел, нашол време да се види и со стар пријател и соработник, а тоа е токму Илиески, кој објави слика од опуштена средба со премиерот, како пијат пиво.

Тој до сликата напиша: Премиерот Заев секогаш позитивен, оптимист со храбри одлуки!

Претходна статијаДани грми со македонска народна песна, солзи голта и пее (ВИДЕО)
Следна статијаСергеј Варошлија по долго време се појави во јавноста – еве која наша позната дама рече дека е незаменлив (ФОТО)