Водителот Ване Маркоски се имунизираше: За побрзо на гушкања (ФОТО)

0

Ване Маркоски, еден од нашите најпознати водители не пропушта да се пофали со уттринска слика од своето работно место, Македонката телевизија, каде што води утринска програма.

Водителот, на Фејсбук објави слика од неговото патување од пред три години, од Италија, и напиша: Секое време со свои убавини. Пред 3 години вака, сега со снег и корона“, објави Ване.

Ване неодамна сподели еден свој емотиивен спомен, од своето детство и многу негови следбеници на Фејсбук ја бендисаа оваа приказна.

–За едно убаво време… Живеевме во стара зграда, а главната улица пред зградата, беше цела покриена со калдрма.

Спроти зградата трафика “Нова Македонија”, од рано наутро целата “опиена” од мирис на весници, малку погоре продавница каде се мелеше тазе кафе, а одма тука и фурна за леб. Спроти фурната и “Деликатес” – тогаш поим за супермаркет.

Се сеќавам кога сите тие мириси на весници, тазе мелено кафе, тазе леб, ќе се испомешаа наутро. Мирисаше цело маало.

Секое сабајле со свиткани пари во рака, трчав прво по весник, потоа по тазе кафе, па до фурната по тазе лебче и по млеко или јогурт, се сеќавам тогаш беа спакувани во кеси.

Ќе тркнев и до “Деликатес” по уште нешто и се тоа за некои 150 денари… За назад кон дома, редовно си купував и сладолед, млечен со чоколаден прелив, стандард вкус. Знаете на каков мислам.

Го продаваше еден дедо. Имаше фрижидер на самиот тротоар, одма залепен до нашата зграда. Тоа му доаѓаше нешто како награда за пазарувањето… Доаѓаш дома. Се спрема појадок. Пушташ МТВ, почнува “Ѕвон” и не трепкаш.

Колку само летавме, колку бевме среќни, затоа што со ова чуствувавме дека нешто придонесуваме за дома“, напиша Ване.

Инспирацијата, Ване ја добива на вистинско место. Во неговиот стан, со преубавиот поглед во кој ужива, и на дланка му е цело Скопје.

Тој живее во комплексот Џевахир,каде што има и велнес и спа центар, па на Ване му е супер зашто си има базен и спа во комшии, каде што може да си претрча кога и да сака.

Тој објави слика во бањарка, која е најверојатно сликана по некое уживање во сауна или пливање. Е, така се живее!

Водителот на Фејсбук често знае да спомене дека му се патува, но како и многумина нема таква можност поради пандемијата. Ване на Инстаграм сподели слики со куфери и напиша: Ќе се патува годинава, време е!

Познато е дека добра пријателка на Ване му е Милена Антовска- Станковска, водителката од Канал 5.

Ване и Милена се блиски уште од времето кога работеа заедно во оваа телевизија, а и сега поминуваат заедно доста време.

Тој и сега сподели слика од себеси на скопскиот Аеродром и на сликата се гледа колку е среќен.

-Детски радости, после две години“ напиша тој под сликата, а според објаснувањето, Ване ќе патува во Анталија, Турција.

Но, и Милена сподели стори, како заедно со Ване патува накај аеродромот и напиша: Анталија, чекај не. Заедно со неа е и нејзината ќеркичка Лана Марија. Потоа, и двајцата објавија доста сториња и постови од убавиот одмор во Анталија.

Ване објави слика од А1 Арената каде што тој се имунизираше, и на сликата ги покажа своите тетоважи. Под фотографијата, тој напиша:

За своето и за колективното здравје. За побрзо на дружби, журки, гушкања…  Фала на сите луѓе тука. Професионални, насмеани, организирани, трпеливи.

Претходна статијаМаја Оџаклиевска пак ќе стане баба, ќерката Андреа го покажа стомачето (ФОТО)
Следна статијаМаја Панчева денес слави, ќерката Марија објави емотивна порака (ФОТО)