Водителката Цеце Тодосовска од „Телма“ телевизија веќе некое време не е активна на ТВ екраните, а причината е нејзината „Слатка обврска“ околу синот Бодан кој наполнил три месеци.
Цеце претходно за „Репортер“ изјави дека нејзиниот сегашен сопруг Столе ја побарал за жена во Охрид, а пред свадбата, таа направи необична моминска вечер, со другарките возеше кајак на Матка и се сместија во приватна куќа во која се стигнува само со кајче.
Старосват на свадбата ѝ беше Марко Марк, кој освен што ѝ е колега и е најзин најблизок пријател. Цеце во една прилика зборуваше за проектот „Утринска на телма“, кој престана да се емитува во 2019 година, а беше една од од омилените програми на публиката.
– Мислам дека многу брзо публиката ја препозна нашата мисија, а таа е да шириме позитивна енергија и љубов во етерот. Брзото темпо на живеење си го направи своето, луѓето наоѓаат изговори дека немаат време за себе, а не па за пријателите.
За жал заборавивме како е да седиш со некој и да разговараш со часови, се изгубија вистинските вредности, во Македонија жалосно, но се се сведува на политика…
Oколу нас има тажни ликови… на сите ни треба убаво започнат ден, па затоа ние се трудиме да понудиме токму такви утра и луѓето барем на момент да ја почувствуваат убавата страна на животот“, изјави Цеце во интервју за magnetikfashionblog.com.
На крајот на минатата година, таа раскажа за тоа како се подготвува за улогата на мајка. „Кога дознав дека сум бремена, не бевме изненадени бидејќи тоа е нешто што и двајцата со Столе го посакувавме и очекувавме.
Бевме пресреќни, си го пуштивме нашиот омилен бенд Beach House и се изнагушкавме од среќа“, изјави Цеце за Женски магазин.
Верувам дека сè ќе си дојде на свое место откако ќе се роди бебето. Знам дека и двајцата ќе го дадеме нашиот максимум да бидеме посветени родители“, додаде водителката.
Цеце и нејзиниот сопруг се најсреќни, при крајот на февруари свет дојде нивниот прв син. Со стори на Инстаграм, за убавата вест се пофали сопругот, а водителката го шерна сторито и така и пријателите, а и јавноста дознаа дека им се родил син.
Според сторито што го објави нивна роднина, бебето има многу убаво и интересно име, тој се вика Бодан. Водителката пред извесно време покажа колку вистински ужива со своето семејство, таа објави слики со синот и со сопругот.
Таа на сликите изгледа многу убаво и свежо, и видливо е дека мајчинството и годи- водителката од „Телма“ целата блеска. Цеце во Женски магазин раскажа за тоа како ѝ било кога за првпат го видела својот син.
-Тон измешани емоции во тие први заеднички мигови, еден цел нов свет… Очиња кои штотуку го здогледаа светот, очи во кои секојдневно ја гледам смислата на животот, очи кои ме соголуваат емотивно“, рече таа и го искоментира името на синот.
-Инаку името Бодан беше заедничка одлука со сопругот Столе. Некако не освои “од прва”… Уште минатото лето сосема случајно го спомена еден наш пријател и некако почувствував дека тоа е тоа.
Тој период сè уште не го знаевме полот, но знаевме дека ако биде машко ќе биде Бодан. Потоа се обидувавме да имаме уште некој друг предлог за име, ама ниту едно не ни се допаѓаше толку многу како ова. Така победи Бодан.
Досега имавме и неколку прошетки во природа, ги искористивме убавите сончеви денови. Секојдневно се запознаваме сè подобро и подобро, деновите ни се буквално за уживање. Секако со некои мали исклучоци на непроспиени ноќи што се сосема нормални“, рече водителката.
Во јануари годинава, се породи и нејзината колешка Александра Илиевска водителката на „Брза кујна“, и на свет ја донесе ќерката Сара. Во текот на бременоста одмараше од работните обврските, а на социјалните мрежи често знаеше да ги изненади своите обожаватели со убави фотографии.
Таа се породи на 23 јануари, а убавата вест со своите следбеници ја сподели неколку дена подоцна, на 30 јануари. Александра на својот Инстаграм профил сподели фотографија со многу подароци и балони во розова боја, преку кои соопшти дека на 23 јануари на свет го донела своето прво дете – ќерката Сара.
„Соништата навистина се остваруваат. Официјално е! Сара пристигна на 23.01.2021“ – напиша водителката покрај фотографијата. Александра за ммс.мк зборуваше за тоа како ѝ е во улогата на мајка.
– Кога првпат ја видов чувствата и емоциите направија да забоправам на сите породилни болки, и од тој ден знам дека љубовта има ново име- Сара.
Грижата за едно кревко сушстевско ги менува жените на многу прекрасни начини, независно дали станале мајки со природно породување или царски рез, со сурогат мајка или посвојување..
Деновите се различни и што и да планирате се менува бидејќи таа го диктира темпото на денот. Помошта во овој период на пандемија е ограничена и за жал ми помага само мојата свекрва“, изјави водителката.
Таа на Инстаграм објави слика со сопругот и рече дека нејзиниот најмагичен ден е оној кога станала мајка. Двете водителки на стори се пофалија со прекрасна слика која ги стопи нивните следбеници.
Дотерани, убави, седнати во парк, со бебињата како уживаат со нив. Браво за оваа дружба на двете водителки на кои улогите на мајки им годат, што се гледа по насмевките на нивните лица. И Александра и Цеце се во одлична форма откако станаа мајки.
Цеце објави слика како го храни своето бебе во кафуле, и со тоа го поддржа до-ењето на јавни места.
„Најубавото чувство. Овие моменти не би ги менувала за ништо на светот“, напиша водителката до насмеаната слика со својот син. На ова коментираше водителката Елена Стојановска од „Сител“ која ѝ напиша: Ааа, мајче убаво, но коментираше и Александра:
-Следно заедно. Прекрасни мама и син“, на што Цеце ѝ врати: Обавезно, нашите ритуали продолжуваат.