Внуче ми е ама зајде детево, дај пари за ова, дај за она – на крај кола сакаше да купува, не му дадов и ме испонавреѓа

0

Денешниве деца се комплетно неблагодарни.Тоа би бил мој заклучок после искуството со внукот. Ништо не ценат и секогаш гледаат само да извлечат нешто во нивна корист. Но да почнам од почеток.

Јас немав свои деца, никогаш не се оженив за што многу се каам. Утеха и детска радост наоѓав во децата на сестра ми. Таа е помлада од мене и се омажи млада, сега веќе има големи деца. Иако и двете ги сакав многу, сепак како машко, некако поблизок бев со внук ми и подобро се разбиравме.

Не сум по женските работи и не знаев како да си играм со внуката. А со внук ми Горан беше прелесно. Детево како да сакаше повеќе време со мене да поминува отколку со татко му. Тој си одеше на работа и немаше време толку да се занимава со децата.

Учен човек, си имаше поинакви сфаќања и сакаше цело време да напредува во кариерата и да прави пари. Јас си работам во дуќанот секакви занаетчиски работи. Почнав со поправање чевли, но со тек на времето научив многу работи и сега можам да се наречам сеопфатен занаетчија.

Да ви кажам малку сме тие што останавме со ваква работа. Луѓето бараат мајстори, а никој не сака да го продолжи занаетот, па се приморани цело време да купуваат нови работи. Внук ми уште како мал се врткаше покрај мене и покрај карањата на татко му.

Тој сакаше да го прави академски граѓанин, ама детево како да немаше воопшто желба да учи. Секој ден по училиште доаѓаше кај мене и учеше нови работи. Со тек на време си остана со мене како помошник и си заработуваше дневница.

Колку беше возбуден за неговите планови во иднина да ја прошири работилницата, да ја среди и да продолжи со занаетот. Неговите веќе беа помирени со тоа дека нема да продолжи да се школува, па барем нека биде вреден и нека работи.

Беше толку возбуден што ги носеше и другарите за да им покаже што и кало може да поправи или да направи ново. Ми рече дека дури ќе се заортачел со еден пријател и во иднина заедно ќе работеле и ќе правеле пари.

Е ај да видиме внучко, сега што ќе правиш! На толку верба и полагање надеж, момчево ептен се занесе во облаците и го смени однесувањето. Виде малку повеќе парички и помош и сакаше наместо еден прст, да искористи цела рака.

Криво ми падна затоа што се оддалечи пд татко му и цело време беше со мене и постојано од мене бараша пари на заем за сите трошоци. А си наоѓаше убави причини и јас не можев да го одбијам. На него ако не дадев, па на кого? Ама веќе почна да претерува.

Дај за ова, дај за она, ми фалат пари, ќе одиме ваму, таму и мене веќе ми прекисна. Престанав да му давам пари, нека си заработи убаво па после нека троши. Еднаш се осмели да ми побара пари на заем за са си купи кола.

Сакал пред татко му да се докаже дека може да биде независен и да заработува пари. Како не, со овие пари кола ќе купиш. Не му дадов ни за тоа. Не ми е доверлив и сигурен за да можам да позајмувам голема сума на пари и го советував да не избрзува, има време за купување автомобили.

На толку посветено внимание и помош од моја страна, детево ми се налути, ми се изнавика и рече дека веќе нема да ми стапне во работилницата, а камоли да работи. Сега замина да работи како дистрибутер.

Го прелажаа едни другари, па сега нека работи за помалку пари. Не го заслужувал ни тоа што досега му го пружав, ми ги премина сите граници највеќе со тоа што ме извреѓа и заборави како порасна кај мене. Нека зборуваат што сакаат за мене, не планирам да се расправам со несозреани деца.

Обработи: С.С. Фото: Илустрација

Името и презимето познати на редакцијата. Не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама

Претходна статијаВенко Филипче го најави таканеречениот грин пас, но Македонците од дијаспората ги интересира дали и тие ќе го добијат
Следна статијаНа Весна Бејби ѝ дојде преку глава: Се изначекав цел живот за сè