Вики Чадиковска: И мене и сопругот Младен не навредуваа зашто не мислеа како нас

0

„И таа имаше многу приказни. Како секој од нас. Радосни и посакувани, но и болни и тажни. Од секоја приказна, ја прифаќаше новата лекција.

Научи дека трудот и љубовта не поминуваат незабележани. Научи дека и кога ќе падне, мора повторно да стане со исправена глава.

Во нејзините очи секогаш има емоции кои не може да ги скрие, па дури и кога се обидува. Семејството е нејзината сила, која ја мотивира секогаш.

Живее за љубовта, затоа што тоа е чувството на кое најмногу верува“.

Вака новинарката Вики Ристоска се опиша себеси и својата приказна, во новото интервју за магазинот portret.digital. Вики Ристоска – Чадиковска е маркетинг директор во Државната видеолотарија, новинар-водител во „Метрополис“ радио, дамата која можеме да ја видиме на многу настани. Еден статус кој го напиша минатата година, предизвика многу вминаие во јавноста.

-ЗНАЕШ КОЈ СУМ ЈАС?!? Типичниот синдром во кој се внесени елементите на божество, излегува на површина, во мигови кога треба да се покаже силна одговорност, човечност и единственост.

Стојам пред каса во мала продавничка. Додека ја чекам сметката, влегува човек, кој буквално се лепи до мене, со маската под уста. Значи ни уста, ни покриен нос.

Чекам некој миг, па забележувајќи дека „господинов“ нема намера бар да отстапи, ако не друго, се вртам и го замолувам да се оддалечи малку или да ја стави маската правилно.

Наместо почитување на една од мерките, иако по правило во ек на пандемија се препорачуваат обете, тој почнува да се расправа, на-силно и простачки, демек тој бил здрав, нема да заразел никој.

Тој знаел се’. Ах… Каква драма. Целата негова непристојна канонада завршува со омилената кај простаци „ЗНАЕШ ЛИ ТИ КОЈ СУМ ЈАС?!?“

Јас не знам кој е тој, ниту пак тој треба да знае која сум јас. Она што знам е дека секој од нас треба да покаже силна одговорност. За жал од ваквите „Знаеш кој сум јас“, ние не можеме да пркнеме со години, па секое дно не води кон ново дно.

Сите сме исти. Луѓе. Разликите меѓу нас не нè прават поголеми или попривилегирани. Напротив, одговорноста и човечноста во секој од нас, во клучни мигови не прави луѓе.

Особено сега, кога болниците се болни, сите уморни, здравствениот систем пред колапс, економијата на колена. И ти, господине „знаеш кој сум јас“ си еднаков како секој од нас кој не може да прави отстапки кога ситуацијата ескалира.

Не биди „знаеш кој сум јас“. Биди одговорен, спаси живот, чувај го своето и здравјето на другите. Маска, дистанца, честа дезинфекција. Од нас зависи“, напиша таа.

Во интервјуто за Портрет, зборува и за својот сопруг, новинарот Младен Чадиковски и за закан-ите со кои се соочиле во една прилика.

– По затворањето на А1 телевизија моето семејство беше изложено на силен говор на ом-раза. Таа емоционална состојба, дури и од денешна перспектива не е едноставна. Колку и да сте силен, остава трага.

Во тие мигови се тешев дека ќе помине, дека ќе се заборави. Често се случуваше луѓе кои не се согласуваат со мојот став, да ми се обратат со вул -гарни и навредл-иви зборови.

Се случувало луѓе кои не ме познаваат, да ме навредуваат, само затоа што јас имам различен став од нивниот. Секогаш сум се обидувала да реагирам смирено на таквите нап-ади. Не дека било лесно.

Се сеќавам на една ситуација која прилично ме вознемири, по една емисија на мојот сопруг, добив навредливи пораки, па дури и желба мојот сопруг да биде однесен со мрто -вечка кола.

Уште се сеќавам дека ова беше на 27 април 2017. Колку и да се обидуваш да реагираш смирено, тие пораки се страшни.

Не можам да ја разберам потребата некому да му посакате с….

Во нашата земја ми се чини дека не сме доволно свесни дека слободата на говор не значи дека сè е дозволено. Слободата на говор не е апсолутно право.

Таа има и своја страна на одговорности. Во таа насока, изговорениот збор може да биде еднакво моќен како кур-шум кој погодува. Ние мора да сфатиме дека не може да правиме сè што сакаме.

Тоа не е слобода. Слободата подразбира одговорност и обврска да ги почитуваме другите, без разлика од која вера, род, раса, религија, политичка определба, што и да е. Мора да научиме дека различностите го прават едно општество силно.

Мора да ги почитуваме и тие кои се слични како нас, но и останатите“, изјави новинарката.

Фото: Фејсбук принтскрин

Претходна статијаЛепа Брена на јахта во Дубаи во купаќи, еден детаљ посебно истакна (ФОТО)
Следна статијаЖена му на Огњен Амиџиќ е авион, во Египет се сликаше на плажа, го вжешти Инста (ФОТО)