Весна Бејби сподели носталгичен спомен со пејач кој веќе не е меѓу нас (ФОТО)

0

Актерката Весна Петрушевска е горда мајка на две деца, Кирил и Мина и честопати има раскажано колку ѝ е важно времето поминато со нејзините деца.

Синот на Весна, Кирил Тренкоски, минатото лето замина во Америка кај својот татко Јанко Тренкоски. Кирил сега живее во Хјустон и изучува четврта година од гимназијата, а потоа таму ќе продолжи со студии.

„Броиме ситно со Кирил кој ќе оди во Хјустон за да заврши гимназија и факултет. Тој е едно од децата кои сакаат да го освојат светот.

Безброј пати го прашував дали е сигурен и секогаш без двоумење одговара потврдно.

Немам подобра опција да му понудам во овие лу ди времиња. Не прашувајте, срце ми се кине. Убав на мајка.

Го гушкам, пла -чам ко некоја за-ду шна баба секој ден, а он ми вика: „Мамо, мислев се упокоил некој, ме исп лаши“, напиша Весна на својот Фејсбук профил.

Весна во тој период изјави во што ја бара утехата, а тоа работата со нејзините мали глумци, со кои тогаш одржуваше летна школа на отворено, како дел од нејзината „Актерска школа Весна Петрушевска“.

„Среќа што работам, инаку едвај се крепам. Тешко е“, вели Весна.

-Желбата на Кирил да замине во САД е од пред две години. „Последниве две години се договараме со татко му кој е таму. Одеше на два пати во Хјустон кај Јанко.

И ете дојде време да замине. Сè му е јасно за состојбата со вирусот, но брои денови, овде не може да ја поднесе неправдата и системот“, вели Весна.

Таа изјави дека Кирил е дека е свесен за новиот предизвик што е пред него и не се пл аши од новиот живот во САД.

Кирил неодамна стана полнолетен, а Весна по тој повод објави емотивен статус на Фејсбук.

-Кирил наполни 18 години. Се обидувам да се насмеам и навистина сум среќна за него, знаејќи дека е во добри раце кај татко му во Хјустон.

Нормално сум досадна зборувајќи му да учи, да се запише на добар универзитет, да си фати женска… демек сум кул и ок…

Тој стана полнолетен дечко… Се сеќавам на чевличката која ја носеше во Битола 2 броја помали па имаше некое раниче на малото прсте.

Отидовме да купиме нови чевли во Пеко (природно Битола) и продавачката ме прашува: Ваш е? Ја гледам насмеано и и одговарам: Највеќе е мој.

Златен на мајка ми фали ама знам дека ќе успее. Кики те сакам колку сите зрнца во песокот“, рече Весна.

Таа сподели една стара слика со својот пријател Игор Џамбазов на некоја седенка пред многу години и напиша: Од 20-тиот век е ова.

Но, на сликата не е само Џамбазов, туку и Дуле од дуото Дуле и Коки, Душан Љубисављевиќ кој го напушти овој свет во 2013 година.

Минатата година, на 23 септември, се навршија точно седум години откако овој свет го напушти Душан Љубисављевиќ- Дуле, пејачот на познатото дуо „Дуле и Коки“.

На 23 септември 2013 година, Македонија остана во солзи кога медиумите објавија дека по чина еден од дуото – виолина и гитара.

Неговиот најблизок соработник, виолинистот Никола Јанков- Коки, тогаш со емотивен статус се присети на својот другар и колега со кого помина 20 години во добро и во лошо.

-Се враќам од свирка, од Струмица брат, па ми се сврте у главата, и викам да ти напишам уште едно писмо.. ама ова ќе биде последно, не те замарам повеќе, да не речеш абе Кочо седум години ми досаѓаш, дај олабави.

Брат, не знам дали да се смеам дали да плачам. Знаеш, се ми доаѓа дека од негде ќе се појавиш и тоа најчесто коа свирам ми се случува, абе „фатаморгана“. Можеби па, сеа дури сфаќам дека стварно те нема, а..?“, напиша тогаш Коки меѓудругото.

Дуле некоку месеци пред да си замине од овој свет се оженил со Љупка Наскова од Струмица. Таа е мајка на ќерката Илијана, за која Душан зборувал дека ја сака како да е негова ќерка.

На Фејсбук неодамна се појавија коментари на албум со слики од Љупка и од Дуле кои таа го нарекла: Некогаш сè, сега спомени. Во овој албум е прикажана целата нивна љубов, од почетоците до венчавката.

Фото: Фејсбук принтскрин, Инстаграм принтскрин

Претходна статијаНеда Украден призна зошто се скарала со Маринко Роквиќ: Плачев цела ноќ кога ме навреди
Следна статијаНашиот пејач остана без родителите кога имаше 11 години, сега е горд татко на ќерка што го наследи во музиката