Има песни коишто се пеат засекогаш и се трајно врежани во срцата на народот и во музичката историја на една земја.
Многу такви евергрини се испејаа на фестивалот на забавна музика Макфест во Штип, од „Виолина и гитара“, “Кога те нема“ „Твојте очи мој сине“, и секако „Осамен“ на Трајче Манев.
Тогаш младиот Трајче, се појави на сцената на фестивалот, во својот роден град, и откако ги испеа стиховите „Ти, што ми ја украде душата ти, што ми ја зароби младоста“, останаа незборавни.
Токму на овој период од својот живот, Манев се присети гостувајќи во емисијата Магазин, и раскажа за оваа песна.
– Воопшто не очекував такво нешто, затоа што тоа се периоди кога на Макфест доаѓаа ние како што ги викаме, волци на сцената, како еден Кемал Монтено, Радојка Шверко, Марина Перазиќ, Мики јевремовиќ.
И сега, од каде до каде, Трајче Манев да победи на Макфест. Дури и кога ми кажаа, првата вечер победник бев јас, а втората вечер беше Кемал Монтено.
Ма да, и Кемал Монтено изјави пред фестивалот дека штета би било ако не победи дечкото од Штип“, рече Трајче Манев.
Кога водителката Јелена го праша која му била инспирацијата за оваа песна, Манев одговори: Сум ги кажал тоа многу пати, сегашната сопруга“. Потоа зборуваше за уште свој хит, 2на минус 23“, песна која ја компонираше упокоениот Драган Каранфиловски- Бојс.
Раскажа и дека се труди и сега на ист начин да ги пее своите хитови, но годините си го прават своето и мора да ги пее во малку пониска скала.
– Еден од луѓето со коишто се имам најмногу дружено е Питер Џон Босе, но тој пред 3-4 години замина за Бугарија и таму остана“, рече Трајче за Питер. Тој остана запамтен по песната Самба во Штип.
„Се дружам со Џокси, со Ристо Самарџиев, со Џафер. Кога ќе се видиме претоставувате што се случува тогаш.
Имам пеено на брод во Франција а бродот се викаше Далмација и имало пероснал од Хрватска, но и доста италијански гости. „Не можеа името да ми го погодат. Ме викаа Трче место Трајче“, објасни пејачот.
Потоа рече дека настапил на Велигденскиот концерт во Интермецо бар со други свои колеги и најави: Еве, јас уште 20-30 дена ќе се пензионирам, работно, ама со музиката не. За две недели ми е роденден“, рече Трајче.
Долги години, тој живее во Скопје со своето семејство, и верувале или не, се занимава со нешто што нема врска со музика.
Тој е директор во една фирма за ваги, која на својот профил објавува и слики од Трајче, на кои можеме да видиме како изгледа тој кога не е со микрофон во рака. Потоа Трајче раскажа за своите два сина и откри зошто ја напуштил музиката.
-Моите синови се музикални. Поголемиот и пишува музика, а помалиот и тој е по рапот, и тој пишува музика. Мартин е помалиот, Љупчо е поголемиот.
Јас не сакам да го тераат тој пат што сум го истерал јас. Светот на музичарите е малку поинаков од животот на другите. Таму има седенки, дружби после концертите, сешто се дешава.
Јас и затоа прекинав со музиката, за да си ја сочувам фамилијата. Колку и да не сакаш да пречи, пречи.
Јас никогаш професионално со музиката не се бавев, затоа што отсекогаш работев. Значи, ќе работам, работам, па одам на свирка или на концерт.
Работам преку ден, а навечер на концерт. И им недостасував на моите. Јас кога ќе се приберев дома, децата се срамуваа од мене“, откри Манев.
-Сега си свирам со Марко, тоа е моето внуче, тој сега ќе наполни четири години, имам две три гитари, едната ќе му ја дадам на него, ајде дедо, нема поубаво“, рече Трајче за својот внук.
Фото: Јутјуб принтскрин, Фејсбук пронтскрин