Југословенскиот пејач Ѓорѓе Марјановиќ познат по многу хитови, а најмногу по „Звиждук у осам“ си замина денес на 89-годишна возраст.
Генерации пораснаа со неговите хитови кои ќе останат запаметени засекогаш. Неговото заминување погоди многу познати личности од Србија.
Познатиот музичар беше приврзан за апарати за дишење и лекарите се бореа за неговиот живот претходните денови, тој беше заразен со вирусот.
Марјановиќ е најголемата поранешна југословенска и српска музичка ѕвезда чија кариера траеше повеќе од половина век.
Познатите личности се збогуваа со Ѓорѓе со овие зборови:
СРЃАН МАРЈАНОВИЌ
– За Југославија и Србија, Ѓорѓе беше она што Елвис е за Америка. Тој беше првиот рокер тука кога немаше рокенрол во нашата област. Тој направи шоу на сцената, ја фрли јакната кон публиката.
Имаше исклучителни настапи и харизма. Ѓорѓе е првиот пејач што ги имаше своите обожаватели.
Живееше во Теразије, влезот покрај Музичкиот магазин беше покриен со изрази на љубов кон него, неговите обожаватели носеа транспаренти. Тој им го отвори патот на многумина кои дојдоа подоцна. Жал ми е што нè напушти, но, има уште многу што останува зад него.
Белград и Србија треба да му се оддолжат на најголем можен начин, тој е национален херој.
ЛЕПА ЛУКИЌ
– Жал ми е, тој беше добар пејач. Тој ме ценеше мене, и јас го ценев него. Кога настапивме со „Белградски естрада“, сите се мешавме, и фолк и забавни пејачи, Мики Јевремовиќ, тој, јас …
Кога имав концерт во Домот на синдикатите, тој дојде, и ми беше чест .
БОРА ЃОРЃЕВИЌ
– ВЕЧНА слава на драгиот ѓорѓе Марјановиќ, легенда, наш голем пријател, пример, татко на сценските настапи. Јас сум многу потресен. Целата „Рибља чорба“ беше многу благодарна кога големиот Ѓорѓе дојде да нè сослуша.
Тој секогаш го имаше резервираното најдобро место во првиот ред. Имав ретка среќа да испее два мои текстови и неверојатна чест да ја пеам „Ангеле“, преименувана во „Молитва“, со голем успех, на руски турнеи.
Ели и него еднаш ги посетивме во Кучево. На првиот јавен перформанс во мојот живот, во Домот на наставниците во Чачак, ја отпеав „Звиждук у 8“. Научив многу од него.
ЖИКА ЈЕЛИЌ
– Се сеќавам на неговите почетоци и неверојатната популарност што ја имаше во шеесеттите години.
Концертот во Домот на синдикатите беше незаборавен, кога им се даде можност на тогаш младата рокенрол група „Силуети“. Во СССР, тој беше наречен Џорџ.
Таму беше доволно само да се спомене неговото име, за да добие овации. После тоа што му се случи во Австралија, го сретнав на некои церемонии и ќе разговаравме кратко.
Остави многу зад себе, постарите генерации го знаат тоа, а младите можат само да погодат колку бил популарен. Остана одличен, до последниот ден.
Фото: Јутјуб принтскрин