Тијана Дапчевиќ, познатата виолончелистка, пејачка но и актерка, позната по улофата на Ула во Преспав неодамна призна дека одамна не живее од пеење, туку од глума, но откри и дека има своја плантажа со ореви.
Се собираат ореви, во главно.. Првата берба и собирањето ќе бидат следната година“, изјави Тијана за својата плантажа во Шок ток задоволна што започнала нешто во животот што и причинува задоволство.
Тијана беше гостинка во емисијата Еден на еден која ја води Жаре и таму раскажа многу нешта, а дел од нив се за тоа како поминало снимањето на „Преспав“.
Тијана рече дека било тешко да се снима во услови на пандемија, но и раскажа случка врзана за Талат- Дритон.
-Многу беше мачно, најмачно беше тоа што не се дружевме. Ние веќе се познаваме као огромна фамилија, а овој пат имавме договор да се движиме само дома и на снимање.
Секогаш кога снимаме, снимаме по 35-40 дена. Но, ние никогаш не сме си повисиле тон еден на друг, функционирме одлично.
Освен помеѓу брачниот пар Ула и Коста. Јас и Игор се однесуваме навистина како брачен пар, тој кога ќе ждригне јас му викам: Свињо една“, рече Тијана и раскажа како Јелена Јованова ја научила како да стане тата-мата за учење на улогата.
„Јелена ни вика дека јас и Игор сме како вистински брачен пар. Инаку, таа и васил најмногу ми помогнаа“, рече Тијана и раскажа интересна случка.
-Еднаш завршивме порано со снимање и му викам на Дритон (Талат), ајде да се враќаме пешки од телевизија дома, место да не возат. Наидовме на една кафана, внатре празно, жив човек нема.
Му викам, ај да велземе на кратко, една ракија, едно мее, малце да се опуштиме. А не смеевме, според договорот само дома и снимање. Ама во кафаната баш немаше жив човек, за што си направив и снимка.
Ни се јавува Васил: Кај сте? Му кажавме, а потоа дојде и тој. Поседовме еден саат. Утредента разбрале од продукцијата дека сме го прекршиле договорот, и среќа не бевме казнети, само опоменати“, рече Тијана.
Таа рече и дека пред да почне пандемијата и рекла на своја пријателка: Сакам светот да застане барем на три дена.
Десет дена потоа, тоа се случило, почнала пандемијата и карантините.
Раскажа и за својата сестра Тамара, за една неубава случка кога Тамара со мотор влегла во излог на продавница.
„Се занесе, место кочница, таа стиснала гас и влезе со мотор во „Просветно дело“. Кога отидов во болница да ја видам, што да видам, целата чалмосана, само очите ѝ се гледаа од сите завои.
Докторот ми кажа дека за влакно се спасила. И сега не ми е добро кога зборам, животот ми го скрати“, рече Тијана.
Пејачката раскажа и за тоа дека таа и Тамара и сега се караат како мали деца и дека кога Тамара ѝ е лута ја блокира на сите мрежи.
Кога сестрите Тодевска и Дапчевиќ се скарани, интервенираат нивните родители, исто како кога биле мали.
„Тамара ме блокира на вибер, на вацап, ме брише од Инстаграм, па потоа пак ме враќа. Но, ние сме како црева поврзани. Таа е мојата половина“.
Тијана веќе 20 години е во складен брак со сопругот Милан Дапчевиќ, и се родители на синот Вук кој има 12 години и е музички талентиран на мајка му.
Кога славеа 18 години брак, со емотивна посвета на својот Инстаграм профил, Тијана му ја честиташе годишнината на Милан и ја откри историјата за тоа како го добила своето име и како го запознала сопругот.
„Мојата мајка, (многу пред да стане тоа), ја читала приказната на Ѓура Јакшиќ за Тијана која била вубена во Милан. Поради таа Тијана на Ѓура, подоцна одлучила дека и јас треба така да се викам.
Две училишта, една Академија и „неколку“ љубови подоцна, го запознав Милан на местото на кое не ни знаев дека можам да бидам (кошаркарски натпревар), затоа што спорт не поднесувам.
Оттогаш, ние двајца поднесуваме сѐ. Од тогаш, сите мисли ми почнуваат со множина. Нека ни е среќна годишнината, љубов моја“ ,напиша Тијана тогаш.
Таа рертко споделува слики од сопругот Милан, а неодазмна откри и зошто е тоа така. Мил мој Дапче воопшто не сака да се слика, и секогаш едвај го уловувам за фотка. Сега успеав. Мојата карпа, и ветар во грб веќе 20 години. Тијана на својот официјален Фејсбук профил напиша интересно видување на она што на сите ни се случуваше во 2020 година.
Само да знаеш … 2020 година … Јас не сум некој што сака да пишува, но бидејќи се обиде да не пееме и половина од луѓето не можат да го прават она што најдобро го прават, јас дури и седнав да пишувам.
И така седам … пишувам … бришам … потоа повторно пишувам и бришам и така натаму во круг, бидејќи се менуваат чувствата на беспомошноста и мислата дека некој сака да не избрише сите, додека јас само сакам да ја избришам оваа година.
Но не и со гума, затоа што кога ќе избришете со гума, се уште можете да видите трага (освен ако не избришете со оние црвено-сини гуми за бришење што ја кинат хартијата, па дури и го излупуваат првиот слој дрво од училишна клупа).
На сите ни е доста од твојата неизвесност, доста ми е од недостасувањето на сцената, музиката, пеењето, гушкањето, бакнежите, еуфоријата, енерегтскиот контакт…, сега сите нешто бегаат едни од други.
Ни одзеде сè. Ми однесе некои драги луѓе. Ги одзеде оние што ја донесоа музиката, ја одзеде и сцената на сцената, но нема да ни ги одземеш нотите. Јас нема да ти дозволам.
Ќе пеам сè додека имам глас и сè додека можам да дишам барем малку воздух, без оглед на тоа која боја е на таа апликација што го мери загадувањето“, напиша Тијана.
Но, таа како што напишавме на почетокот од текстот на среќа не живее само од пеење. Неодамна, јавноста дозна дека Тијана е и одлина домаќинка- готвачка.
Тијана готви фразни народни рецепти на каналите на dijamant.rs, а последен нејзин рецепт е оној кога месеше вкусни кифлички.
-Пекарски кифлички. Знали не, ова не се обични кифлички, ова се пекарски кифлички“, веи таа во видеото. Потоа, кога кифлите се веќе печени, Тијана на свој начин им вели:
Па, кај сте другарки, што сет убави! Што сум хепи!
Тијана на своите следбеници на Инстаграм им порача да ги следат редовно нејзините рецепти чиј слоган е : Во баш сè се меша Тијана!