Татјана Стојановска и Михаил во Хрватска, вљубени како никогаш досега (ФОТО)

0

Познатата Тв презентерка Татјана Стојановска проговори за својот љубовен живот. Таа во ТВ естрадниот магазин „Бекстејџ“ откри дека веќе неколку години е во врска со Михаил, кој ја освоил со својот шарм и интелект.

„Секогаш велам дека е важно ако го најдеш вистинскиот човек, вистинскиот партнер. Не е важно дали е тоа брак или заедничко живеење, како што јас пет години сум во една таква релација на заедничко живеење и без потпис. Живееме како брачни партнери заедно со Михаил.

Клучот на заедничкото живеење е сето тоа меѓусебно почитување што треба да се воспостави. Тоа е сѐ она кое што дава успех, без разлика која е формата и релацијата на врската“, изјави Татјана за „Бекстејџ“..

Татјана, која е поранешна сопруга на фолк-музичарот Благоја Грујовски, зборуваше и за својата 25 годишна телевизиска кариера, и за синот Матеј.

Татјана на широко за Михаил, кој е маркетинг консултант зборуваше во „Еден на Еден“ зо Жаре. Миахил ја изненади со видео во кое зборуваше каква е Тања кога е лута. Јавноста, секогаш ја доживува како смирена и сталожена.

-Каква е Тања кога е лута? Тоа многу ретко се случува и кратко трае. Меѓутоа, кога е така, јас гледам да закажам предавање. На Гренланд. И таму е се океј. На Гренланд“, рече Михаил за својата партнерка. На ова Тања, на многу интересен начин му одгововори.

– Епа, нема подалеку. Да, така е. Си знае Михаил, ме има научено. Не ме чепкај додека не ми помине лутината, ама навистина брзо ми поминува. Јас кога сум лута се објаснувам, да му објаснам на тој зошто сум лута.

Јас се објаснувам, аргументирам. Сега, тој треба да е тука, значи умен соговорникот, да заќути, да ме сослуша и ќе ми помине. Може и да ми опонира, ама важно јас да си се искажам.

Ако има после дискусија од типот: Не сум во право, ќе се најдеме, ама работава е прво јас да си го кажам тоа. “, рече Тања. Потоа следуваше реченица која на Татјана ѝ предизвика силни емоции.

– Драга Тања, сакам да ти се заблагодарам за балансот што го правиш во потесното и во поширокот семејство, во секојдневието, во секој момент, бидејќи тоа претставува еден клучен фактор за стабилност и за мир.

Меѓудругото, за истото, многу те почитувам и те сакам“, рече Михаил во пораката која ѝ ја испрати. Додека го гледаше видеото, на Тања ѝ навреа солзи на очите и за малку ќе заплачеше.

– Ееее, и јас те сакам! Да, да тој секогаш вика, ти си балансерот. Таква сум малку, како совеста. Се нешто така јас правдам, балансирам… Цел живот е тоа, адаптирање, балансирање, дали е тоа брак, дали е тоа работна позиција, за да имаш хармонија.

Два остри камења не мелат жито, што велат. Иако и Михаил е балансер, можам да кажам дека и двајцата доста балансираме каде што е потребно.

Тој по потреба, јас по потреба, Па, тука и се согласуваме, со истиве работи, со исти вредности, со исти ставови за животот…

Тој е друг темперамент, јас сум друг темперамент, меѓутоа повеќе вредности не поврзуваат за ставови во животот. Фамилијарност, животна филозофија, едноставност…

Уживаме во хедонизмот во некоја смисла, малку повеќе е хедонист тој од мене, меѓутоа ме научи да станам хедонист.

Многу работи ме научи. Затоа што тој ужива во животот, и сака и другите околу него. Бевме на многу патувања благодарение на него и сега ми вика:

Е, кога ти викав да одиме да шетаме, а сега во ко ронава, кај ќе шетаме“, раскажа Татјана. Презентерката никогаш досега не била толку отворена за својот приватен живот.

За разлика од Тања која на социјалните мрежи ретко открива приватни моменти. Михаил е поинаков. Тој на својата кавер фотографија е со Татјана, а на сликата се гледа дека уживаат во Загреб.

Парот никогаш не изгледал посреќно и повљубено, а пеијателите со коментарите под фотографијата се согласуваат со оваа наша констатација.

Михаил и Татјана сепак во моментов не се сега во Хрватска, тоа е само еден нивен убав спомен.

Претходна статијаЗоки Фаци пак го нaпaднa Гарванлиев, а ја вмеша и Дани Димитровска (ФОТО)
Следна статијаВтор пат во три месеци сакаа да ми ја уништат колата: Новинарката од Фокус се огласи лута