Тамара објави досега невидена слика од неа (ФОТО)

0

-Јас сум уметник и особено во овој креативен дел вистински се обидувам да спознаам други светови и приказни“, рече во едно интервју Тамара Тодевска, нашата популарна пејачка.

Задоволството кое го чуствувам, навистина ми дава можност да пеам за работи кои се исто така уметнички емотивен предизвик но се туѓо искуство, кое инспирира.

Во минатото не можев лесно да ги пеам песните кои не беа инспирирани од моите емотивни состојби.

Денес тоа е поинаку, бидејќи чувствувам потреба да си дадам одговори за некои теми кои навистина не се дел од моето секојдневие.

За мене овој креативен исчекор е предизвикот кој ја освежува мојата работа со колегите продуценти и текстописци.

Инаку и да немам песна посветено на Мачка, на него мислам секогаш кога пеам“, рече Тамара за својот сопруг со кого ги има ќерката Хана и синот Дарен.

-Хана е родена пејачка. Кога ја гледам неа, се гледам и себеси. Има голема самодоверба и не се плаши да го каже тоа што го мисли.

Како мајка јас само сакам Хана да биде среќна и да верува во себе. Самата ќе си одлучи што сака да биде во животот.

Дарен е многу посмирен од Хана. Уште е премал за да видиме кои таленти ги има наследено, дали оние од тато или оние од мама.

Моите деца се светлината во мојот живот и бескрајно сум благодарна што ја имам можноста да бидам мајка.

Јас уживам во секој момент поминат со нив и факт е дека ме направија подобра личност“, рече Тамара. во Слободен печат.

Таа објави стори од својата ќерка Хана во кое кажува дека слави роденден, и пејачката ја изненадува својата ќерка на интересен начин.

Имено, малата Хана влегува во автомобил каде што ја чека завиткан подарок и балон.

Се гледа дека Хана е воодушевена од изненадувањето од својата мајка, и на следната слика таа среќна позира со својата нова играчка.

Но, и Тамара како и нејзината ќерка е многу поврзана со својата мајка Брана.

Пејачката објави стара слика од неа кога била бебе, и на неа се гледа колку Тамара личи на својата мајка.

Ако го споредиме и сегашниот изглед на Тијана, сестрата на Тамара, и таа копи-пејст на мајка си Брана.

Тамара освен оваа слика објави уште една, како се поти во теретана.

Фото: Инстаграм принтскрин

Претходна статијаОрце Стефковски- Царот го сподели својот плач и лелек
Следна статијаНашиот пејач ја батали забавната музика, па откако живее во Америка се сврте на народно – се знае што носи пари