Водителката Јелена Спенџарска од Канал 5 која е сега и инфлуенсерка, неодамна се вртаи од одморот во Анталија, Турција, каде што беше со група познати личности.
Јелена на Инста стоти бјави видео во кое искрено раскажа зошто е толку нерасположена и што ја мачи последниве денови, и сето ова го сподели со своите следбеници. Видеото, таа го започна вака:
-Здраво, како сте? Искрено малу ми недостига овој вид на интеракција помеѓу нас, јас до скоро цело време снимав сториња со зборување и некако се фатив себеси, откако се вратив од одмор од турција, малку сум подистанцирана со снимање сториња.
И размислував зошто би можело да биде тоа така, но не знам. Имав и некој таков, безвезе период откако се вратив. Мислам дека откако се вратив тука, се нешто ми ја исцица енергијата којашто ја имав таму и така сум малце падната.
Мислам дека изгубив дел од креативноста, но верувам дека тоа се само периоди нели, и дека многу бргу ќе заврши, затоа што ме очекуваат многу работи коишто сакам да ви ги кажам, па мислам дека е време да се почне од некаде.
И така, јас полека полека сфатив дека сакам да се занимавам малку повеќе со патувања, дали во Македонија, надвор од Македонија да. Сакам да кажам дека стојам на располагање на оние кои сакаат да си направат добра промоција на своите хотели, ресорти и така натаму, и барај- ќе добиеш.
Минатата недела ми стигна една многу убава порака, тоест еден убав телефонски повик од една девојка, којашто не покани да одиме овој викенд на Попова Шапка. Станува збор за хотел Арена, каде што одиме во петок, се враќаме во недела, ќе возиме АТВ, малку на планина, да дишеме чист воздух.
Се собравме добро друштво, добра екипа,и тоа е една работа којашто навистина ме прави многу хепи. Ви благодарам многу на понудата, и на поканата секако. Како си поминуваме ние, ќе гледате во сториња“,рече водителката на видеото.
Додека одеше видеото, таа објави и текст во кој напиша: Секогаш различно трае. Да речеме после Америка скоро две-три недели гледав палми насекаде околу мене и не сакав да излезам од дома.
Секое патување мидава посебна ментална свежина, која не знам зашто, ама овде е премногу тешко да ја одржам.
Знам дека не зборам многу на темава, ама искрено, тешко е, посебно што секој некој мисли дека многу добро ме познава, затоа што те видел три пати на ТВ.
Не сакам со ова да внесам bad vibes кај вас сега, само сакав да споделам зошто не сум толку активна овде.
Сепак, следуваат многу забавни активности коишто сакам да ви ги кажам“, рече Спенџарска.