ВИДЕО од кое солзат очи – Јонче Христовски ечи по улиците на Њу Орлеанс

0

Јонче Христовски е роден 1931 година во Битола. Тој е еден од најистакнатите македонски пејачи.

Текстописец и композитор на песни во народен дух, исклучително популарен естраден уметник, кој славата на македонскиот мелос ја пронесувал низ целиот свет. Создал сопствен интерпретативен стил, препознатлив и комуникативен со публиката.

Најзапаметени меѓу народот ќе останат неговите сценски настапи со фрлање на палтото на земја, бакнување на земјата и боемскиот мераклиски начин на живот отсликан во неговите изведби на песните.

Неговите песни изобилуваат со изворен македонски народен звук и ритмика и силен македонски патриотски дух на љубов кон Македонија, но и кон животот, песната, љубовта.

Се прослави со својата песна „Македонско девојче“ која е создадена во 1967 година од неколку тогаш реномирани музичари.

Си седеле Јонче Христовски, Кочо Петровски, Виолета Томовска и други македонски музичари, на 4 февруари во далечната 1867 година, на веселба по повод првиот роденден на малата Невенка, ќерката на Виолета Томовска.

Одеднаш, низ муабет, им светнало дека никогаш немаат направено песна за македонското девојче, односно за убавината на македонската жена, па на самата веселба се зафатиле со компонирање.

Песната прераснала во најубавиот можен подарок за мајката на малата Невенка – Виолета Томовска. Токму Невенка е девојчето за кое е испеана песната „Македонско девојче“, која ја изведе легендата Јонче Христовски.

Инаку Јонче Христовски бил чест гостин во семејството на Виолета Томовска, со која и самиот соработувал.

Јонче Христовски бил женет и татко на две ќерки. Неговата сопруга тра гично го загубила животот во Скопски земјотрес 1963 година и токму на неа и за љубовта кон неа, Јонче Христовски ја посветил и напишал една од своите најпознати песни „Животе мој“.

Јонче Христовски овој свет го напушти на 15 април 2000 година. Ден денес, на градскиот стадион во Скопје, пред секој натпревар, ечи песната „Ој Вардаре Македонски“.

На социјалните мрежи, деновиве повторно кружи видеото кое е снимено во 2013 година, на улиците на Американскиот град Њу Орлеанс.

Улични музичари свират еден од најголемите хитови на Јонче Христовски. Видеото кое предизвикува носталгија и солзи, можете да го погледнете подолу.

 

Претходна статијаСпенџарска се пожали: Тешко е, секој мисли дека многу добро ме познава, затоа што те видел три пати на ТВ
Следна статијаТијана ги зголеми усните и праша: Кога ќе дојде веќе? (ФОТО)