Се пофали со часовник кој чини колку една гарсониера: Нема криза за пејачката од Звезде Гранда (ФОТО)

0

Пејачката Гога Секулиќ минатата година откри што си направила од естетските зафати. Имено, Гога без двоумење призна што прави на своето лице и изненади со нејзиниот одговор.

“Вака, немаше потреба, но ги поправив градите. Не ја наполнив устата, ставив хијалуронска киселина, ботокс не, но сепак планирам.

Ако не успеам да ослабам, ќе тренирам, ќе одам на липосукција, да ослабам 10 килограми“, рече таа во шоуто „Амиџи шоу“.

Гога неодамна во емисијата „Пулс на Србија“ откри како живее за време на пандемијата.

“Мислам дека многу се движев во овој период, така што не сум многу компетентна да кажувам некому ништо, но носете маски, држете се на дистанца.

Меѓу нас има луѓе кои веќе страдаат од некои болести, тие се пациенти со срце, астматичари.

Јас сум алергична на полен, и кога тоа ќе се случи, имам потешкотии со дишењето и добивам бронхитис или пневмонија. Јас припаѓам на таа група каде што треба да внимавам и навистина да се грижам, рече Гога на почеокот од пандемијата.

Гога Секулиќ, како и многу нејзини колеги, се најде во незавидна финансиска состојба поради пандемијата со вирусот, бидејќи беше спречена да настапи.

– Најдобро е додека не почнеме да работиме да ни ги суспендираат сметките, да не плаќаме струја, вода или телефони, па кога ќе започнеме со работа тогаш треба да продолжиме – рече Гога.

Да потсетиме, многу колеги на Гога Секулиќ признаа и дека се соочуваат со финансиски проблеми.

– Кога не работам и немам приход, а морам да ги плаќам сметките, не можам да не се грижам. Немам од каде да ги плаќам сметките.

Ова е првпат во мојот живот да останам без пари. Како независен уметник, добив помош од државата за три месеци, но, луѓе, што се 90.000 динари?! – изјави Гога порано за „Стар“. Но, со новата својата објава, таа ја поби оваа своја изјава.

Додека нејзините колеги се жалат на финансиската криза, Гога Секулиќ покажа дека дефинитивно не ѝ недостасуваат пари, па се пофали со своето ново скапо парче на својот Инстаграм.

Имено, пејачката купила скап часовник, кој веднаш им го покажала на своите придружници, а потоа истакнала дека за тоа платила 39.000 евра.

„Колку е часот? 39 000 евра“, напиша таа.

По сликата сепак стави емотикон во кој вели дека се шегува, но како и да е, часовникот не изгледа ефтин.

Фото: Инстаграм принсткрин

Претходна статијаЕлена Ристеска: Да ме прашавте дали ќе успеам, ќе ви речев низ голем страв од непознато: нема шанси (ФОТО)
Следна статијаАнастасија откри како порасна без татко ѝ и раскажа непознати детали за мајка ѝ Цеца