Елена Ристеска: Да ме прашавте дали ќе успеам, ќе ви речев низ голем страв од непознато: нема шанси (ФОТО)

0

Елена Ристеска во моментов е послабо активна во музиката, но нешто сосема друго ѝ го окупира времето на популарната пејачка.

Елена од неодамна е сопственик на своја козметичка линија ЕРА, која го носи името според нејзините иницијали и првата буква од имeто на нејзиниот покоен татко, Ацко.

Пејачката во неколку интервјуа изјави дека е зафатена со промоцијата на женскиот и на машкиот парфем и нема време за љубов. Но, не ја исклучува можноста повторно да се омажи.

Елена пред повеќе од пет години се разведе по четири години брак.

Таа неодамна изјави дека ја нервира што луѓето се полни со предрасуди за јавните личности. Тоа го искажа и во една од нејзините песни „Немаш право да ми судиш“, за која го напиша текстот.

„Луѓето се полни со предрасуди за нас, не знаат во што да веруваат, а во што не од напишаното или кажаното.

Не е ни за осуда таквиот став, денес може да се пише сè и сешто за секого без да се сноси одговорност ниту да се има совест дека се влијае на нечија судбина, па луѓето се во заблуда за нас.

Но, кога ќе ти пријде потенцијален партнер и ќе те разочара со прашања од типот на: „Сум чул за тебе „тоа и тоа” или вистина ли е “тоа” за тебе“, веднаш сфаќаш дека тоа не е дораснат и доволно реализиран партнер за да можеш да градиш иднина со него.

Уште не те запознал тој веќе те осудил со сомнеж. Таквата приказна најчесто не е вистинската. Со целиот тој лавиринт од приказни за нас јавните личности, мислиш лесно е да ти пријде некој сосема нормален партнер?“, изјави Елена за „Женски магазин“.

Во истото интервју таа зборува и за тоа каков би сакала да биде нејзиниот иден сопруг. Важно е, според Елена, оној со кој ќе го помине животот да биде интелегентен.

„Да е исто така еднакво амбициозен како мене за да не ме влече назад во кариерата. Да растеме и да создаваме заедно, да градиме заедничка империја и успеси.

Најголемиот порок да му биде зависност од јадење благо. Да спортуваме заедно. Да има смисла за хумор, бидејќи рецепт за долготраен брак и живот е смеата и интерните шеги.

Да ми биде најдобар другар, бидејќи нели треба да е „брачен другар”. Да можам со него сè да споделам. Безусловно да знае да љуби, бидејќи јас само така умеам.

Да му е важна сегашноста , а не минатото или иднината. Едноставно, јас и тој од едната страна и целиот свет на другата. Звучеше како оглас? Хахаха“, рече пејачката.

– Ако си успешен во нешто, или ќе те копираат, или ќе ти завидуваат, или ќе те мразат”. #Достоевски. Јас немам проблем со ниту едно од трите нешта погоре набројани.

Затоа што во најтешкиот период во целиот свет, одлучив да отворам нов бизнис од нула сосема сама и завртев нова животна страница.

Продолжувам со уште поголема страст и желба да го градам мојот сопствен бренд за козметика era_cosmetics со тоа што денес започнува кампањата за новиот производ ERA SHOWER GEL for women and for men“, изјави Елена на Инстаграм неодамна, а интересна е и најновта обваја која ја сподели:

-После долгогодишно истражување и безброј состаноци,триста комбинации и прашања:

Kако? Што? На кој начин? Со која фабрика, кој технолог? Под кој редослед? Со кој производ? И уште многу други прашања… на денешен ден, 9ти мај 2019та (пред две години) ја отворив фирмата ЕРА козметика.

Да ме прашавте пред 18 години дали ќе успеам да го реализирам сето ова, ќе ви речев низ голем страв од непознато: нема шанси.

Но, ете ЕРА козметика успеа од идеја да создаде бренд, од замисла -реализација, од нацрти и скици -готови производи. Благодарна сум до сите кои помогнаа во остварување на овој сон, а најмногу до Господ што го овозможи.

Фото: Инстаграм пронтскрин

Претходна статијаБилјана Дебарлиева сподели стара слика, никој не би ја познал (ФОТО)
Следна статијаСе пофали со часовник кој чини колку една гарсониера: Нема криза за пејачката од Звезде Гранда (ФОТО)