Се омажив во Америка, маж ми има авион приватен – да им правам забава, свадба на роднините во МК немам потреба

0

Јас имам едно да ви кажам, верувајте во своите соништа! Уште коге бев многу малечка, некаде во основно образование, си размислував како е да се живее со богатство, да не му ја мислиш од први, до први, сè да ти е средено.

Истиот филм си го правев во глава и кога потпораснав, кога бев средношколка, но и потоа, кога веќе почнав да имам момчиња. Моето скопско секојдневие ми изгледаше некако здодевно, патетично, монотоно. Знаев дека морам да си одам!

Учењето ми одело отсекогаш. Основното и средното образование ги завршив со одличен успех. Не бев некоја бубалица, незнам, едноставно ми прима мозокот информации и лесно го совладувам материјалот кој треба да го научам.

Кога дојде ред да се запишам на факултет, јас имав само една цел, тоа да не биде во Македонија, туку некаде надвор. Било каде.

Се укажа шанса за Германија, конкурирав и добив стипендија. Како што ми одеше средното, така продолживи и на факултет.

Во Германија бев една од најдобрите, а потоа дојде она вистинското. Се отвори можност мастерот да го реализирам во Соединетите Американски држави.

Се запишав во градот Нуарк, тоа е еден голем град во државата Њу Џерси, во близина на Њујорк. Нуарк е оддалечен од Менхетен, Њујорк Сити, само околу дваесет минути возење.

Тука се запознав со Мајкл, човекот на мојот живот. Потеклото на Мајкл беше од Бостон, Масачусетс. И не помислувајте веднаш дека јас го прашував Мајкл дали е богат, дали има пари. Не! Навистина се вљубив во него, незнаејќи ништо за него.

Подоцна дознав, после неколку месечно забавување, дека Мајкл потекнува од богато семејство, татко му е сопственик на компанија која се занимава со изградба на куќи. Тое е многу вносен бизнис во Америка.

Го завршивме мастерот и двајцата и Мајкл ме покани да се преселам во Бостон. Се разбира дека прифатив.

Таму на почеток си изнајмив стан, бидејќи веднаш почнав да работам во една маркетинг компанија за водење на ПР на познати личности. Значи почнав добро да заработувам.

По две години врска, се зедовме со Мајкл. Дојдоа тука моите и сестра ми и направивме убава веселба. Класична свадба во Македонија не правевме. Немав потреба да им правам забава на роднините во МК, што знам.

Сега сум бремена, а Мајкл пред неколку месеци купи приватен авион. Односно тоа е некој вид подарок од татко му, поради неговата страст кон авионите од мали нозе.

Да се разбереме, не е тоа некој авион кој чини милиони долари, мало пајперче е, но сепак, во слободно време, ние летаме.

Имаме огромна семејна куќа, која си ја купивме на кредит, јас и Мајк, иако татко му слободно можеше во кеш да ни ја плати. Возиме убави автомобили и да дечки, мене ми падна ,,секирата во мед”, народски кажано.

П.П. Фото: Илустрација

Не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама

Претходна статијаНауме: Кога си во дијаспора, подалеку од наши – јас би дополнил и од роднини бегај
Следна статијаЗоки Фаци со Катето во Холивуд: Ах бре, Кате, Кате… (ВИДЕО)