Познатиот пејач Даниел Кајмакоски во последниов период беше подолго време во Србија каде што често настапуваше вои разни шоу емисии.
Даниел пред извесно време се врати во Македонија, и тоа во родниот крај, селото Мислешево, блиску до Струга.
Според сторињата што ги објавува, се гледа дека пејачот уживаше во убавиот залез на сонцето.
Даниел објави стори од Охрид, но не е познато дали е дојден работно или на одмор, за да се присети на своето детство покрај езеро.
Кајмакоски во 2015 година, се ожени со Кристина Димитријевска, позната манекенка и Мис Балкан. Но љубовта кратко траеше, па се разведува по три години брак, а на оваа тема Даниел проговори само еднаш и во таа прилика кажа:
Заедно ја донесовме одлуката да се разведеме, зошто знаеме дека тоа е најдобро за нас. Најважно е да бидеме секогаш добри родители на нашето дете.
Комуницираме постојано, одлично се разбираме и функционираме како родители“. Кристина пак, освен што е во модниот свет е и пејачка.
На почетокот од март ја промовира нејзината четврта песна „Амстердам“. Песната го привлече вниманието и поради провокативниот спот, во кој Кристина се појавува провокативно облечена на снегот на Попова Шапка.
Песната „Амстердам“ Кристина ја работеше со младите музичари Алек и Тони. „Периодов се посветив повеќе на музиката, но, така се поклопија коцките.
Верувам дека сè се случува со причина“, изјави таа за „Репортер“, и најави нова песна која ќе биде нејзината животна приказна.
Кристина гостуваше во естрадниот магазин „Бекстејџ“ и искоментира дека е многу задоволна од својата нова песна. Манекенката зборуваше и за нејзиниот поранешен маж, Даниел Кајмакоски, но не сакаше да го спомене неговото име и презиме.
– Знаев дека веднаш ќе ме врзуваат за презимето кое одамна не го носам. Јас имам постигнато свои успеси во манекенството, десет години сум член на модното студио „Црнокрак“, снимам песни, завршив на Факултетот за туризам и менацмент, но медиумите пак ме врзуваат за нешто друго. Но, и тоа ќе помине“, рече Кристина.
Таа на прашањето дали е вљубена рече дека веќе четири години е вљубена во својот син.
„Не сум уморна, едноставно кога си самохран родител и кога детето ти е центарот на светот, тогаш правиш сè, за да му овозможиш на него најдобро“, откри Кристина претходно во емисијата „Магазин“ на Сител.
На крајот на февруари, синот Давид наполни четири години, и тогаш медиумите пишуваа дека неговиот татко, Даниел Кајмакоски не бил присутен на забавата. Кајмакоски во тоа време беше во Србија каде што во последно време работи.
Кристина во „Бекстејџ“ одговори и на прашањето зошто Даниел не бил присутен на роденденската забава. „Јас сум му и мајка и татко на моето дете. Мислам дека оние што сакаат ќе разберат“, рече таа.
Медиумите објавија дека Пејачот Даниел Кајмакоски завршил во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ откако му се слошило по средба со поранешната сопруга на која таа му дала кафе во кое тој се сомнева дека имало недозволени супстанци.
МВР објави дека 38 – годишник со иницијали (К.Д.) бил примен во болница и дека се работи на расчистување на случајот.
– Вчера во 13 часот во полиц+-иска станица Центар од Комплекс клиники „Мајка Тереза“, било пријавено дека кај нив бил примен Д.К.(38) од Струга, по чие што кажување додека бил во парк во Тетово, заедно со неговата поранешна сопруга (25-годишна жена), таа му дала кафе во кое што, според пријавеното, било нешто ставено.
Жената била повикана во полициска станица Тетово при што ги негирала тврдењата на пријавителот и изјавила дека имале средба со Д.К. за да го види своето дете но воопшто не пиеле кафе.
Додека траела средбата, според нејзино кажување, на Д.К. му се слошило, а таа за настанот го известила и Центарот за социјални работи. Известен бил Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот – велат од МВР.
Додека беа во брак, Даниел и Кристина беа едни од најубавите парови на нашата естрада. Тој во една прилика на Инстаграм напиша дека е подготвен за второ дете.
Причината за нивната разделба тие официјално не ја кажаа, но според нивни блиски пријатели и соработници, станува збор за неверство, кое еден од партнерите не можел никако да го прости, па затоа дошло до крај на бракот.
По бутниот период, Даниел изгледа дека се враќа во нормала, па објави стори со слика од студио на кое стои: Да паднеш надолу е несреќа, да останеш долу е избор.
Уште едно негово стори покажува дека тој е во Србија, во Белград, на познатата боемска улица Скадарлија од каде што порача: Се враќам назад каде што се започна.
Фото: Инстаграм принтскрин, Јутјуб принтскрин