Сања Николиќ објави слики од малиот Моша: Уживанција во прегратките на мама (ФОТО)

0

Поранешната Мис на Македонија, Сања Николиќ и музичарот Марко Маринковиќ- Слаткар во неколку наврати имаат раскажано дека почетоците на нивната љубов се поврзани со една Златна Бубамара на популарноста.

Тогаш Сања јавно го прозвала Марко на сцената да ја прифати за пријател на Фејсбук.

По неколкугодишна врска но и успешна соработка, тие се земаа во 2014 година, а го изиграа првото брачно танго и тоа на тактовите на „Кажи да“.

Оваа песна која младоженецот ја направил специјално за оваа прилика. Со истата песна, Марко клекна пред Сања и ја побара за жена.

Минатата година, Сања Николиќ која има напишано доста стихови за хит-песни на македонски изведувачи, го прослави својот 38-ми роденден во домашна атмосфера со најмилите, а со јавноста овој пат одлучи да сподели и неколку фотки.

Таа за својот роденден добила мало изненадување од нејзината мајка која го украсила дворот за Сања, но и подготвила и домашна торта. Сања воодушевена од слатките изненадувања реши тоа гордо да го сподели со јавноста.

Поранешната манекенка на 15 април минатата година за првпат стана мајка. Таа и пејачот заедно го имаат синчето Моша, па во последнава година уживаат во слатките маки на родителството.

За разлика од својот сопруг, раперот Марко Маринковиќ-Слаткар, Сања Николиќ е порезервирана кога се во прашање објавите на социјалните мрежи.

Марко нема проблем ниту да ги пушти камерите дома, како што неколкупати ги угости „Бекстејџ“, но Сања за разлика од порано, сега нема желба да се појавува пред камери и да се експонира пред јавноста.

По повод Денот на жената 8-ми Март, Сања за промена, делумно го покажа амбиентот во својот дом на кусите приказни на Инстаграм, а со тоа откри дека Слаткар како вистински џентлмен и романтичар, и подарил букет од црвени и жолти лалиња.

Има неколку што се само за неа, но не се за у етер. А има и такви што сум ги пишал за неа, а важат за сите сакани девојки/жени“, а потоа објасни зошто ја сака Сања.

-Затоа што може да ме трпи и затоа што можам да ја истрпам. Затоа што имам се што и недостасува и има се што ми фали.

Точно, како ден и ноќ сме, но нели, -мора да се стемни за да се раздени. Различни сме, но си имаме потреба еден од друг и се надополнуваме.

Сања сподели сториња од првиот роденден на својот сакан син Моша, на кои напиша дека прават забава за тројца, а на сликите е убаво декорираниот двор во роденденски дух за среќното семејство.

Како ужива во прегратките на својот син, објави Сања на стори на Инста, со слики кои се „топење“.

Имено, Сања и Моша уживаат во нивниот дом во прегратките како што само мајка и син умеат.

Фото: Инстаграм принтскрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаТатјана и Новица си имаат приватен возач во Австралија (ФОТО)
Следна статијаПознатиот актер, миленикот на жените, си замина во манастир а таму го затекна неубава вест (ФОТО)