Сања Лукаревска се огласи откако вчера беше избрана за втор човек на СДСМ и кажа што ќе биде нејзин приоритет

0

Сања Лукаревска ќе биде вториот заменик-претседател на СДСМ, според одлуката на делегатите на вчерашниот 26.конгрес на партијата.

Со 682 гласа „за“ и два „против“, конгресот го изгласа предлогот што го даде партискиот лидер Зоран Заев.

Тој ја избра Лукаревска за негова заменичка, по повлекувањето на Радмила Шекеринска, која беше на оваа позиција во два мандати, почнувајќи од 2013 година, кога и беше воведена функцијата и кога истовремено се случи смената на партиското кормило, односно заминувањето на Бранко Црвенковски.

Лукаревска ја презема функцијата како член на досегашниот состав на Извршниот одбор на СДСМ и како директорка на Управата за јавни приходи, каде што ова и е втор мандат.

Сања Лукаревска, директорката на Управата за јавни приходи е една од најпопуларните жени во домашната политика. Како што е познато, таа е ќерка на познатиот глумец Ѓокица Лукаревски.

Во една прилика, Лукаревска зборуваше за тоа каква била во детството и во младоста, и за својот татко, големиот актер кој го паметиме по многу улоги, од Тетарче лево ќоше до Македонските приказни и многу други.

-Ако го земам во предвид фактот дека бев постојано претседател на класот во средното училиште ,,Никола Карев,, и лидерски се борев за нашите права како ученици, изгледа дека сум била на некој начин бунтовник.

Тинејџерските денови беа навистина прекрасни, безгрижни. Денес се смеам кога ќе ми текне , какви проблеми сум имала тогаш. Всушност тоа не биле проблеми, туку едни убави грижи.

Не ми одеше физиката, не ја сакав , ама се мачев да ја сфатам . Уживав на часовите по географија. Глумев во претстави во средно школо , пројавив некоја амбиција за глума, но остана се само на желба и ништо повеќе.

-Мислам дека бев мноу возбудена кога требаше да одам на новогодишна претстава во која глуми татко ми, заедно со тогашните мои другари од основното училиште ,,Димитар Миладинов”.

Се сеќавам, кога бевме на такви претстави, најчесто во Универзаланата сала, на крај на претставата тој ќе ме пронајдеше во публиката и дискретно ќе ми мафнеше. Тоа го гледаа моите другари, а јас бев пресреќна.

Имаше и такви случаи кога, тој ме носеше на доделување на пакетчиња во Драмскиот театар. Тој Дедо Мраз таму, ми беше многу страшен и наместо да се радувам, бев заледена од страв.

И за да ми надомести, Ѓокица знаеше да дојде дома, преправен како Дедо Мраз, да ми даде пакетче и да си оди. И тој знаеше колку е искрена таа детска радост“, рече во една прилика Лукаревска за Женски магазин.

Лукаревска денеска се огласи по повод новата функција на својот Фејсбук профил:

-Продолжуваме да градиме општество според социјалдемократските вредности – праведно, правично и хумано.

Навистина е чест да се биде Заменик претседателка на #СДСМ, партијата во која пораснав, со која се изборивме да ги вратиме слободата во државата и достоинството на граѓаните.

На овие темели го трасиравме патот за #напредок и докажавме дека #можеме уште повеќе. Останавме верни на нашите вредности дури и во време на најголемата светска криза во поновата историја. Поддршката за граѓаните секогаш беше и ќе остане наш приоритет.

Другари и другарки, неизмерно ви благодарам за покажаната доверба. Одговорноста која доаѓа со неа е навистина голема, но со задоволство ја преземам. Градејќи врз цврстата основа која ја поставија Zoran Zaev и Radmila Sekerinska, заедно со Ljupcho Nikolovski.

Огромно благодарам на мојата матична Општинска Организација СДСМ Центар , како и на другарот Душко Весковски за придонесот кој го остава зад себе. Победи и успеси заедно со новите потпретседатели Оливер, Фатмир, Мила и Венко, новиот ИО, новите секретари Мартин и Бојан .

Со сегашните и идни генерации, продолжуваме да носиме храбри одлуки и нови политики“, напиша Лукаревска.

Фото: Фејсбук принтскрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаСе крена голема прашина околу Васил Гарванлиев вчера – тој одговори вака (ФОТО)
Следна статијаЛила пак ќе пропее, си најде згоден дечко за дует (ФОТО)