Росана, бившата на Коки Јанков, прозборе за разводот (ФОТО)

0

Музичарот Коки Јанков пред две ипол години се развeде од неговата сопруга Росана Петревска, портпаролка на АМСМ.

Љубовниот живот на Коки е како холивудска филмска приказна.

По разводот, Коки се исели од станот и се смири со поранешната девојка, адвокатката Маја Перговска. По гласините дека Коки тајно се оженил, тој откри дека не станува збор за никакаква свадба.

„Маја и јас сме во брак веќе извесно време. Немаше свадба, само склучивме граѓански брак. Забавата за која многумина мислеа дека е свадба, не е никаква венчавка, и нема зошто било што да криеме.

Маја славеше роденден, забавата беше по тој повод. Траеше од 21 часот до полноќ, и која е логиката да правам свадба која трае само три часа, и зошто би била тајна“, изјави виолинистот.

„Бекстејџ“ потоа ги објави гласините дека Никола Јанков Коки кој беше дел од дуото „Дуле и Коки“ се разведува и од втората сопруга, по бракот со Росана.

Нивниот развод помина без поголеми проблеми, а Коки откако се разделија се отсели од нивниот стан.

Тој набргу потоа замина да живее со Маја со која беше во врска пред да се ожени со Росана.

Тие по 11 години повторно се сретнале, а по некое време решија да ја крунисаат нивната љубов со брак.

Тие склучија граѓански брак и не направија голема веселба, иако некои медиуми објавија дека направиле интимна свадба.

Коки овие информации тогаш ги демантираше и изјави дека не била во прашање свадба, туку прослава на роденден.

Бекстејџ деновиве објави дека Коки немал среќа и овој пат, со неговата нова сопруга, па по неколку месеци решиле да се разделат и во тек е бракоразводна постапка.

Како што објави Бекстејџ, тие решиле да се разделат по низа расправии и несогласувања на кои сведочеле и соседите.

А неговата поранешна сопруга Росана? Таа за тоа време мудро си молчи. Росана уживаше во улогата на бренд амбасадор на моден бренд, и ужива да се фотографира насмеана, дотерана и да објавува слики од гостувањата на ТВ.

Росана ги сака и прошетките во природа со ќерката и дружбите со пријателите. Изгледа дека разводот навистина ѝ годи. Или можеби пак, има некој што ја прави многу среќна и исполнета.

Откако медиумите објавија дека по долги години врската ја прекинале хрватските пејачи Данијела Мартиновиќ и Петар Грашо, а се разведе и милијардерот Бил Гејтс, но заврши и љубовта помеѓу Кање Вест и Ким Кардашијан, на Фејсбук се огласи Ина Многуфина:

Не можам више да пофатам кој све раскина и се разведе, Грашо и Данијела, Ким и Кање, Бил и Мелинда…

и све објавуваат навечер да се вознемириме и да си помислиме боже само немој Брена и Бобо кој ќе ги трпи вестите крофни ќе ни ги напраат.

На овој нејзин пост, коментираше токму Росана Петревска, порашепната сопруга на Коки која се пошегува со својот развод и на Ина ѝ напиша: Повлеков нога!

Фото: Фејсбук принтскрин, Јутјуб принтскрин, Инстаграм принтскрин

Претходна статијаТрифун Костовски проговори за Еуростандард банка: Не ми е за изгубеното материјално богатство, туку за образот
Следна статијаСинот и снаата на Боба и на Брена си рентаа јахта и заминаа на предвремен меден месец (ФОТО)