Ребека романтично за Милан: Те сонив, сретнав и вкусив пред 26 години

0

Пејачката Ребека јанковска- Ристески и нејзиниот сопруг Милан Ристески се еден од најскладните парови во нашата јавност. Ребека и Милан се родители на три маши деца: Маркија, Макарији Доротеј.

Минатата година, кога прославија годишнина од бракот, Милан кој инаку во јавноста се експонира само поради својата работа како лекар, ѝ посвети неколку убави реченици на својата сопруга на Фејсбук.

-На денешен ден, 2006 година, жена ми и јас на нашата венчавка. Во Ноември 2006 се породи и пак си се врати во форма, потоа, во 2013, пак се породи, и пак се врати во форма.

Јас никако да се породам…Шега на страна. Ти благодарам љубов моја, што ме трпиш, иако не сум лесен за трпење. Те сакам исто како и во 2006, и во 2013, напиша Милан минатата година.

Маркијан, најстариот нивен син е роден во 2006 година, а потоа ги усреќија и близнаците, Макариј и Доротеј кои се родени во 2013. Ребека во една прилика има изјавено колку Маркијан ги сака и ги чува своите браќа.

Ребека раскажа како почнала нивната љубов, и призна дека била турболентна, минатата година за порталот ММС.мк. Сепак, таа и Милан ги поинале сите препреки и денес се заедно, среќни и побогати за уште три члена.

-Оф, многу има за кажување. Навистина има многу работи. Но, најважно од се е почетокот на врската. Кај нас се случи хемија. После секој нов ден понатаму е тест. Првата година врската ни беше падни стани, но Мики беше доста упорен ама издржа. Упорен и забавен, мудар, секогаш знаеше што да направи.

Ми носеше ружи, па јас и ден денес во кутија ги чувам латиците од ружите. Навистина е потребно љубов и разбирање, и секако компромис. Нема врска без проблеми само што треба да смири топката а тоа да го сакаат и двајцата. Ако има љубов секој проблем се решава, се балансира.

-Имаше периоди кога јас многу патував и настапував а сега е обратно. Јас повеќе сум дома а тој работи. Се треба да се надмине. Јавноста ги знае нашите проблеми, отворено зборев за состојбата за нашиот син Маркијан.

Ете тоа нам ни беше тест. Во такви ситуации многу од браковите не успеваат, сум читала дека 80 проценти од браковите не успеваат. Но, ете ние успеавме. Затоа пак ке кажам ако е тоа вистинското ќе биде. А нас ете не бидна.

Можам да кажам дека нам тоа и ни ја зацврсти љубовта. Кај нас немало женско- машки работи и дома и надвор. Се задно сме работеле кој кога може. Затоа кога ја има љубовта годините си поминуваат и не ни забележуваш колку поминале“, рече Ребека за ММС.

За својата нова годишнина, која е јубилејна, 15-та, Милан го сподели минатогодишниот статус, а Ребека напиша неколку реда за него:

Едно сме. Љубов чиста многу милна. Те сонив, сретнав и вкусив пред 26 години. Денес 15 год.од бракот пред Бога. Се уште си тука“, напиша Ребека за својот Милан. таа ја сподели нејзината постара песна која се вика Едно.

Претходна статијаТијана ги зголеми усните и праша: Кога ќе дојде веќе? (ФОТО)
Следна статијаСузана Турунџиева верува во чуда, еве како ѝ помогна на својата ученичка (ФОТО)