Познатиот фолк пејач кој нижел тутун си купи бавча и од тоа живее откако виде дека нема леб од музика (ФОТО)

0

Ѓоко Јовиќ е еден од нашите најпознати пејачи, и кај нас, и во дијаспората а и во Србија.

Тој минатата година ја промовираше својатапесна „Прелетај соколе“, која за брзо време стана популарна насекаде.

Во едно интервју за ИН ТВ проговори за моменталната тешка ситуација во која се наоѓа нашата земја.

Тој меѓудругото вели дека кризата со вирусот лошо влијае врз нив музичарите, но и врз сите оние кои се засегнати од забраната за одржување прослави.

-Првите неколку месеци по прогласувањето на пандемијата на вирусот беше се во ред, убаво, дома со семејството, навистина имавме убави моменти, убава дружба со моите најсакани.

Пред тоа бев на турнеја во Австралија и Америка, а имавме и неколку концерти низ Европа, но ова е веќе долг период кој што навистина е тежок.

Ни забранија се, што се вели ни ги скратија нозете.

Немаме настапи, иако имавме некој настап секако со сите воведени протоколи и се како што треба, но не знам изгледа тоа на некого многу му смета и одма се фаќаат за нас музичарите.

Мислам дека по протестот ќе се средат сите работи.-изјави Јовиќ во интервјуто за ИН ТВ.

Неговиот животен пат не бил лесен. Во една прилика, тој ја раскажа својата животна приказна и откри дека немал лесно детство.

„Како што знаете, потекнувам од Валандово. Во минатото моите родители се занимавале со земјоделие во кое преовладувал тутунот.

И јас сум го работел тоа, знам колку е тешко и затоа ги ценам луѓето кои ја одржуваат во живот таа земјоделска култура.

Не се срамам да зборувам за моето минато и секогаш сум подготвен повторно да го работам тоа.

Најважната лекција ја научив од татко ми. Еден ден ме седна и ми кажа: „Сине, јас можеби не сум ти дал богатство, но сум направил сите да зборуваат за тебе само убаво.

Сум оставил чисто лице“. Тие зборови ќе ги паметам цел живот“, изјави тој за Женски магазин претходно.

Искуството од таткото, тој им го пренесува на своите деца, Теодора, Михаил и Јоан, за кои велиу дека се музикални и ќе го наследат.

-Јас морам да признаам дека Теодора е тотален слухиста, исто и Михаил. Јоан веќе покажува огромни амбиции кон музиката.

Мислам дека кај него се случува од сабајле, неговиот ден започнува вака:

Се буди, телефонот го зема и го поврзува со телевизија и цел ден тој тука игра и пее. Така тој си поминува буквално секој ден открива Ѓоко за естрадниот магазин “Естрада плус”.

Ѓоко објави празнична слика со своето семејство на кое се гледа дека ужива во децата и со сопругата Ивана со која е заедно долги години и вели дека му е најголемата поддршка.

Јовиќ е вредно момче, па откако во прертходното интервју кажа дека нижел тутун, сега повторносе фати за земјоделска работа.

Откако нема настапи, тој си направи своја бавча и објави слики како сади зеленчук си пријателоит и напиша: Потребни се работници!

Фото: Фејсбук принтскрин, Јутјуб пронтскрин

Претходна статијаАнастасија откри како порасна без татко ѝ и раскажа непознати детали за мајка ѝ Цеца
Следна статијаГо чуваат споменот на татко им: Како изгледаат и што прават сега децата на Пепи Бафтировски (ФОТО)