Освен што знае да пее, Татјана Лазаревска покажа уште еден талент – знае да „замеша“ во кујна многу прекраснотии (ФОТО)

0

Една од нашите најпопуларни фолк пејачки, Татјана Лазаревска, заедно со своето семејство, сопругот Новица Василевски и двата сина, повеќе од пет години живее во Австралија каде што си купија и куќа.

Пејачката е активна на социјалните мрежи преку кои редовно ги известува следбениците, пријателите, како го поминува времето, или пак споделува атмосфери од некоја прослава, забава…

А кај Татјана и Новица постојано има нешто да се слави. Имено, пред некое време сопругот на пејачката славеше 50ти роденден, па организираа мала прослава во ресторан.

Потоа, парот славеше и 18 годишнина од брак, а го прославија скромно, дома во пижами.

Лазаревска кога ќе се фати за микрфонот знае да ја крене атмосферата до максимално ниво и сите да се забавуваат.

Тие летото во Австралија (кога кај нас беше зима) го поминаа работно со висок интензитет, бидејќи за разлика од кај нас, во Австралија вирусот беше под контрола и имаше спорадично заразување.

Па така, мерките кои таму беа на сила, беа со мал интензитет. Татјана и Новица испеаја многу свадби ова лето.

Меѓутоа, фолкерката освен за пеење има и друг талент односно подготвување на торти со разни декоративни украси.

Имено, како што се пофали на социјалните мрежи, пејачката со помош на нејзината другарка, пејачката Марјана направиле торта во форма на срце, со ружи и разни декорации.

„Драги наши, ова слатко задоволство што го гледате, го направив јас со огромна помош на мојата креативна друшка Марјана Новачевска. Уживајте во глетката.

П.С Јадете со очи“, напиша таа и се пофали со крајниот резултат.

Очигледно пејачката е мајстор во кујната и знае да направи торти како да се од слаткарница, а нејзините виртуелни пријатели веднаш ја пофалија.

Извор: Вистина

Претходна статијаМарина Туцаковиќ се бори како лав, синот објави нејзина најнова слика
Следна статијаСаше кој живеел и работел во Словенија, Италија и Германија сака да каже нешто важно