Нора Шаќири- Марковиќ, познатата новинарка, водителка,и од неодамна и в.д директор на „Театар комедија“ пред извесно време, гостуваше во емисијата „Уште ми фалиш“ со Александар и Дац.
Нора тогаш рече дека сè уште не е свесна дека е мајка. Зборувајќи за синот Ијан кој таа и сопругот Марко го добија во април минатата година, Нора вели:
– Јас сум тетка на пет внуци, и во неколку наврати на Ијан му се обратив: Дојди кај тета, раскажа Нора.
– Од десет луѓе седнати на маса секогаш отскокнувам заради гласноста своја, заради некој начин на живот, воспитување со давјца постари браќа“, рече Нора.
Како што е познато, таа е сестра на пејачот Бени Шаќири, а имаат и уште еден брат, Денис, и Нора како најмала во семејството секогаш сакала да се истакнува и да истерува правда.
Нора раскажа дека првата цигара ја запалила на 13 години, заедно со нејзиното друштво во седмо одделение. „Се криевме во МЗТ салата, а мојата тераса од МЗТ не можеш ни да ја видиш, ама да не ме фатат моите, да не ме видат.
Потоа раскажуваше за тоа како е да си сестра на Бени Шаќири. „Брат ми ме фати како пушам. Одев на курс по англиски и со еден од соучениците излеговме на пауза, стоиме во ходник, и пушиме цигара.
И тој ми вика: Те молам придржи ми ја цигарата, и јас со две цигари. Ама не занев дека Бени треба да дојде да ми плати рата за курсов. И јас стојам вака со двете цигари, и го гледам како се качува по скали.
Како да ви кажам, немав здив, бледа. Он ме погледна, плати, си отиде. И јас и реков на професорката дека нешто ми е многу лошо и морам да си одам дома. Отидов дома и брзо си легнав. Се преправав дека спијам, ми беше страв.
И никогаш не праша што е со цигариве, не една, па уште и две. И во една ситуација, бевме некаде излезени, јас со цигарите во ташна, и тој ми рече: Те молам запали, во ред е, гледам дека ти е лошо, знам дека пушиш“. И од сега, јас ќе ти купувам цигари, раскажа Нора.
„Еднаш сакав да ги потресам моите и избегав од дома. Отидов кај тетка ми. Не ѝ заѕвонив, туку седев на скали. И потоа ми беше многу ладно и заѕвонив и ѝ реков: Јас избегав од дома, а таа ми рече: Знам. Не те ни бараат, знаат дека тука ќе дојдеш“.
Нора потоа зборуваше за нејзините први излегувања во тогашната дискотека МНТ, чиј менаџер бил другар на Бени, Гого, кој патем дојде на кратко во студиото и ја изненади.
Другарот на Бени требал да ја пази Нора и нејзиното друштво. „И, јас се степав со едно девојче, поим немав зошто. Се дружев со машки, јас и ден-денес се дружам со машки, немам нешто многу другарки.
И кога дојде Бени да ме земе, Гого му рече: Бени, оваа твојава, не ја пуштај да искача. И во школо се закачав, ама така сум се однесувала бркајќи правда, затоа што знаеш, луѓето со збоор не можат да се разбрерат, а јас во тој период и краток фитиљ, пубертетлика, и тоа е“, раскажа Нора.
Таа зборуваше и завојот маж- рокер, Марко Кума Марковиќ. „Супер е Марче. Марко ми беше другар пред едно 15- 20 години. Марко, тогаш имаше свој бенд и настапуваа како предгрупа на конецртот на Бени во Универзална сала.
Тогаш Марко да ти бил вљубен во мене, а јас секогаш кога го среќавав му викав: Еден ден јас и ти ќе завршиме заедно. Појма немам зошто сум го зборела тоа“, рече Нора, па потоа призна дека таа „потегнала нога“ за да бидат заедно.
Нора исто така призна дека кога се породила, а тоа е времето на карантинот поради вирусот, седела со синот и со количката пред влез и му рекла на сопругот: На детево му треба воздух.
Ако дојде полиција, ќе речам дека има грчеви, па тие нека се справуваат со него. Таа го пофали својот маж дека е одличен готвач. „Стварно не се фолирам, не знам да готвам. Марко готви“, рече Нора.