Ние сме од обвинителство и брзо да се среди работата: Познатата актерка лута, не успеа да се имунизира

0

Јасмина Попоска е една од нашите најпознати театарски актерки, дама која е долги години присутна на театарската сцена и на ТВ. Таа лута го сподели свпето искуство со имунизацијата на Фејсбук и раскажа како преку ред се вакцинирале луѓе кои работат во Обвинителството.

Утрово одам на вакцинација во Борис Трајковски (аплицирана уште во фебруар и добиена порака за верификација на барањето, но се уште без порака за датум) и отидов со добиената порака за верификација на увид!

Се информирав кај еден полицаец за насоките на движење за вакцинација! Налетува група со список во рака и гласно руши се пред себе со изјавата :

“Ние сме од обвинителство!!! (Колку што ги следам работите редот на обвинители помина и тие се вакцинираа!). На прашањето дали имаат датум, апликација одговорот беше само моторичко со тутнување на списокот и супериорно нагласување”

Ние сме од обвинителство и брзо да се среди работата” ! Што треба да значи таквото претставување! Што ако се од некое обвинителство? Дали за редарите и присутните граѓани требаше тоа да биде “приказна за баба рога” ?

Изреагирав со зборовите “Па што, јас сум јавна личност од Национална театарска институција и сите овие граѓани имаат свои професии па не реагираат на начинот на кој вие толку грлато реагирате! Хм, не очекуваа реакција!

А внатре на пултот за информации седи самобендисано типче кое ми се рекламираше дека сајтот за пријавување е НЕГОВ и грешките кој се направени не го интересираат…

Му објаснив дека за некоја грешка направена за место на вакцинација и корегирана( со апликација уште од фебруар) не е суштински проблем и не е тој тука за манифестирање на его трип на неговите 5 мин. во животот, а уште помалку да ни го одзема правото за вакцинирање и грижа за нашето здравје на регуларно пријавени граѓанин!

Тогаш што не го надградиш сајтот, го прашав! Од мојата сугестија за “неговиот” сајт човекот суетно и надурено си лупкаше по дескот, со ароганција и покачен тон на обраќање ја заврти главата!

Беше под притисок да го среди тутнатиот список и давање на инструкции на девојката од Црвениот крст!

Тој човек поставен таму на деск за информации во искреирана слика за себе дека е Бил Гејтс ниту ги има прецизните информации ниту пак ги следи новите информации преку медиумите на министерот Филипче! Фрикови ги има насекаде околу нас!

Сакав сѐ да биде како што треба, но можев да го прескокнам и да си влезам и да се вакцинирам! Не бев во расположение да се расправам со човек кој има само набилдано его на многу важна личност, а не аргументи!

Внатре се создаде голема гужва! Си излегов! Работеа на списокот на тие од обвинителството кои им искомплицира многу работи, но работата нели мора да се заврши!

Зар следниот пат веќе оддамна направениот список на актери (неповикани) би требало ли да им го тутнеме во рака со наредбата :

“Ајде земете го списокот, ние сме од МНТ! Луѓе Не бива такво однесување и работење во нашава земја!

Триста вметнати влегувања за имунузација! Што останува за друго? Во друга земја нашите граѓани се испочитувани со голема љубезност, професионалност и вратени вакцинирани се како што треба!

Јас останувам во мојата земја каде што треба секој граѓанин да се вакцинира најрегуларно, а не со тутнати списоци….

Зошто нашиот граѓанин да се чувствува добро во туѓа држава ( Србија) , а да поминува низ непријатни ситуации во својата земја?

Работава со имунизација излезе како слоган “Запознај ги бившите југословенски држави за повеќе и подобро да се вакцинираш!”(дозволувам користење на слоганот)

Претходна статијаТаска Балабанова народот никогаш нема да ја прежали, ова е нејзината внука која ќе ја наследи (ФОТО)
Следна статијаЛидија Кочовска со мајка си Невена, се воздржува да не заплаче (ФОТО)