Нашиот пејач остана без родителите кога имаше 11 години, сега е горд татко на ќерка што го наследи во музиката

0

Еден од нашите најпознати фолк-пејачи е Душко Георгиевски. Тој со мерак ги има испеано песните: Рано е, Свири ми виолино, Само една песна, Простено ќе ти е се…

Душко сега послабо настапува како и сите негови колеги, а на Фејсбук често споделува спомени од нивните дружења и претходни настапи.

Тој исто така се гордее со неговата ќерка Мила, која е успешен млад музичар.

Душко во една прилика за Женски магазин зборувал за тоа како се издигнал над тешкиот период во својот живот, и покрај тоа што животот не го галел премногу. Име но, тој на 11 години останал без двајцата родители кои настра-дале во сообраќајна незгода.

За него, најтежок бил периодот кога останал сам со својата помала сестра. „Имав 11 години кога си заминаа моите родители.

Тогаш, како дете кога сте изгубени и исплашени, а судбината ви е во други раце и некој друг одлучува за вашата иднина.

Притоа не ви е родител којзнае најдобро што може и што треба да направи за своето чедо. Сега, кога и самиот сум родител, точно знам колку е важно тоа за едно дете, онаа родителска љубов која му е целиот свет и потпора и во добро и во лошо.

Кога ќе се присетам, тогаш морав брзо да ги разбирам работите. Бев сам во мојот свет, но многу учев и истражував.

Преку книгата го осознав светот. Созреав многу побрзо од моите врсници. Морав брзо да пораснам, зошто немав избор. По загубата на родителите, роднините ми купија флејта за да ми го окупира вниманието и да немам време да мислам и да тагувам.

Животот многу рано ми ја покажа суровата страна. Научив да се носам со најмра-чната судбина, но оттогаш ништо повеќе не може да ме помести во животот, затоа што многу добро знам која е неговата цена.

Неговите родители го напуштиле овој свет кај Алексинац во Србија, во моментот кога се враќале од одмор. „Беa со своите братучеди, мене и сестра ми не оставија дома. Не знам зошто, можеби за да останеме живи, така ги натерала судбината.

Тоа беше еден тро-гателен настан, во еден миг да немате кому да кажете мамо и тато. Иако не сакам многу да зборувам за ова бидејќи не ми е намерата да предизвикувам чувство на сожалување кај луѓето.

Како зрел човек и денес тешко наоѓам зборови. Како тинејџер никогаш и никаде не зборував за мојата судбина. Сепак, бо-леше секогаш кога одзади грб го слушав зборот „сираче“. Ме повредуваше длабоко во душата.

На „Цветници“ во 2011 година ја отпеав „Молитва“, преку музиката да ги искажам чувствата, бидејќи поинаку никогаш не умеев да го направам тоа.

Преку стиховите „ѕвезди сјајни далечни што ми велите дали спокој најдоа родителите, дали сега горе се кај ангелите“ првпат јавно проговорив за мојата судбина и признав „колку свеќи восочни запалив, колку драги спомени во срце заклучив“ ветувајќи дека „со песнава молитва сега Ви подарувам, Вие тука в срце сте, јас продолжувам“.

Овој фестивал беше мојот најтежок настап. Не сум свесен како успеав да останам на нозе“, раскажа пејачот.

Фото: Фејсбук принтскрин

Претходна статијаВесна Бејби сподели носталгичен спомен со пејач кој веќе не е меѓу нас (ФОТО)
Следна статијаСнежана Ѓуришиќ од Звезде Гранда откри како си поминала во Америка и каква баба е