Намерно му стави единица по историја на син ми – потоа јас ја средив на мој начин

0

-Долго се мислев дали да откријам, се надевав дека оваа тајна ќе ја однесам со себе во гр об. Она што го сторив не е нешто со што се гордеам, па затоа ми тежи на душава. Тоа го направив за син ми и не се каам.

Тој ми е син единец, лани заврши седмо одделение. Порасна со дедо му, зошто многу млада останав вдовица. Сопругот ненадејно поч -ина од инфаркт на срце.

Татко ми постојано секаде го носеше со себе, во парк, на пазар, на натпревари, па дури еднаш купи специјално карти за воз до Битола само за да се прошетаат. Еднаш месечно го носеше во Зоолошка, по музеи, на планинарење на Водно…

Меѓутоа, лани поч-ина татко ми. Падна од велосипед, се здоби со тешки фра-ктури и набрзо поч-ина. Син ми многу тагуваше.

Започна да попушта во училиште. Сите оценки ги намали а Историја доби единица. Отидов во школото и разговарав со класната. Таа е фина и разбрана жена, па рече дека ќе разговара со наставничката по Историја.

Единицата по Историја си остана, ја повтори и му ја заклучи за полугодие. Отидов еднаш да разговарам лично со неа, ја замолив да му попушти, оти разочарано е детето поради смртта на дедо му.

Таа одглуми малку како сфаќа дека децата попуштаат во пубертет, но таа си имала принципи и барала знаење од децата. Ми раскажа неколку ситуации кога таа го дигнала да одговара а тој цело време молчел и провокативно ја гледал. И реков дека сигурно станува збор за недоразбирање, а уште малку и ќе заплачев.

Следниот пат кога отидов не сакаше да ме прими. Ниту следниот после тоа. Само подзастана малку и ми рече, нека научи и нека си ја заслужи двојката.

Седнав дома да разговарам со син ми, но тој само молчеше и гледаше вземи. Ќе полудев, беше трето тромесечие, трета единица, ќе изгубеше година. Бев очајна.

Ја побарав наставничката на Фејсбук. Ја најдов. И ги разгледував фотографиите. Таа беше многу атрактивна млада жена. И одеднаш се сетив.

Уште следниот ден отидов во школото и побарав прием кај директорката. За чудо таа ме прими откако малку почекав и ме сослуша.

А јас ја смислив следнава кле-вета: Во младоста, со наставничката по Историја сме биле најдобри пријателки. Таа одела долго со дечкото, а јас сум го презела и сум се омажила со него. Сега тој е упокоен. Клише приказна, ништо невозможно, се случува секојдневно.

Сопругот беше поч-инат, немаше кој да го докаже спротивното. Таа сега е мажена, нема деца но има среќен брак, тоа се гледа од фотографиите на Фејсбук. Останува само да се соочиме, мојот збор против нејзиниот.

На директорката и реков дека наставничката ми се осветува преку синот и затоа му става единица и сака да го бутне.

Директорката ме сослуша и ми рече дека ова мора веднаш да го расчистиме. Ја повика секретарката и рече да ја најде наставниччката по Историја и да ја викне.

За тоа време и раскажував за упокојувањето на татко ми, како и за она на сопругот, но таа како да не ме слушаше. Беше замислена. По некое време се јави секретарката и кажа дека наст.по Историја си била замината.

Директорката ми рече вака: Можеби и подобро што таа не е тука, ќе треба да го вмешаме и син ти, а тоа е многу непријатно.

Ајде да не ја шириме работава и ова што ми го кажавте нека остане меѓу нас. А за синот не се грижи. Нема да има веќе единица, нема да изгуби година, знам како е да се расте без татко. Без гајле, јас си знам што ќе направам, одете си сега и мирно спијте. Ќе видите!

Јас си отидов. Син ми за крај на година имаше четворка по Историја. Оваа година постојано има петка, а ниеднаш не го дигнала да го испраша.

Другите оцени му се шарени, има се’ и сешто, но нема единици. За ова што го направив никој не знае. Знам дека тоа не е добро, но тоа беше единственото нешто што можев да го сторам за да го спасам син ми од губење на година. Што би направиле вие да бевте на мое место?

Ве молам не го објавувајте моето вистинско име и училиштето, од разбирливи причини. Син ми уште учи таму. Ви благодарам.

П.П. Фото: Илустрација

Името е познато на редакцијата. Не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама

Претходна статијаШто научи Јелена Спенџарска од Снеже Велков? (ФОТО)
Следна статијаИмала тешко детство, мајка ѝ ја оставила поради сиромаштија, се отвори познатата пејачка