Актерката Весна Петрушевска е горда мајка на две деца, Кирил и Мина и честопати има раскажано колку ѝ е важно времето поминато со нејзините деца.
Синот на Весна, Кирил Тренкоски, минатото лето замина во Америка кај својот татко Јанко Тренкоски. Кирил сега живее во Хјустон и изучува четврта година од гимназијата, а потоа таму ќе продолжи со студии.
Весна Бејби Петрушевска во емисијата Магазин на Сител зборуваше за својата актерска школа и за ангажманите кои ги имаат децата, младите актери од школата.
– Тие веќе имаат зад себе претстави, кратки филмчиња, спотови, еве, се појавуваат во новиот спот на Влатко Лозаноски“, рече Весна и додаде дека таа е доста ангажирана да ги изведе децата на вистински пат.
Потоа, се зборуваше за она што беше и остана нејзино ТВ облежје, а тоа е емисијата „Вртелешка“, која долги години се емитуваше. Кога водителката Јана Серафимова ја праша зошто веќе не е дел од македонскиот ТВ етер, Весна рече:
– Знаеш како, Балашевиќ има кажано една добра работа. Едните ме забранија, другите ме заборавија. Искрено, шансите си ги создаваш сам.
Мислам дека за еден тако ТВ водител со еден таков габарот како што имам јас, треба телевизија некоја да ти се јави да ти понуди проект.
Тоа се работи стратешки. Има некои обиди, прават некои ток шоуа, но тоа не е добро. Нема авторство, нема иденитет, нема контент. Имам впечаток дека не се подготвуваат кога тоа го прават, а не можеш да на телевизија да излезеш неподготвен.
Јас знаеш што би водела? Некој квиз со франшиза или некое утринско шоу. Тоа мене ме интересира. А многу скоро ќе почнам да кревам друг телевизиски формат, но ќе сум зад камерите“, најави Весна.
Таа рече дека речиси сите значајни личности ѝ биле гости во емисијата освен Влатко Стефановски, затоа што не можеле да се погодат со термини.
„И се сеќавам , кога правевеме 100 највлијателни, требаше да дојде Заев, ама имаше некоја сообра -ќајка и не дојде“, изјави Весна Бејби.
Потоа, за Весна зборуваше нејзината пријателка Вики која ѝ е другарка 25 години. „Јас Весна ја запознав пред 25 години на „Глумците пеат“, тогаш настапуваше со Дарио, и потоа случајно се најдовме во еден кафич, си разменивме телефони и се договоривме да се видиме.
Ми се јави на мојот роденден, и јас тогаш ѝ реков да дојде на роденден. Таа дојде со Тони Михајловски, и од таа вечер сме неразведли. Ние сме другарки и јас сакам да кажам дека таа ми е третата сестра. Како би ја опишала Весна, со еден збор: Таа е многу добар човек.
Ако сакате да ја изненадите Весна тоа ќе го направите со добар парфем и со убави наочари. Таа се бори против непр-авдите на децата, зборува на социјалните медиуми, кај ќе ја повикаат, се бори за правото на детето. Нејзе децата ја обожаваат, во актерската школа ја гледаат како Господ. Весна е човек којшто е тешко да ја извлечеш од дома.
Ама кога ќе ја извлечеш, тешко и да се прибереш, кога сме биле млади, ќе се приберевме рано наутро“, рече Вики и на крај ѝ го постави своето прашање на Весна: Кога ќе си фати дечко? На ова Весна од студиото ѝ одговори:
– Вики е продуцент на сите проекти кои што ги работам, вклучително и „Вртелешка“, „Кој се плаши од Вирџинија Вулф,“, „Госпоѓа Министерка“, и тоа се е успешни проекти. Јас сум многу горда на неа затоа што е го преживеа канц-ерот.
Има една анегдота. Нејзе ѝ препишаа осум хе-мотерапии, и дојде ред на мене да седам со нејзе. И јас почнав: Зошто не ви работи климата, зошто не ви е овде исчистено, и сестричките таму што се, многу љубезни навистина, мене ми се извинуваа. И Вики вика: Уште еднаш ако си дошла со мене…
Еве, сега пред три недлеи кога бев многу лошо, имав висок притисок, кога…. Па, ќе требаше улица да ми даде Шилегов за малце. И Вики беше таа која што трчаше, носеше леко-ви…“, рече Весна и потоа даде одговор на прашањето кога ќе си фати дечко:
– Кога ќе фатам дечко? Па, кога ќе излеам од дома. Второ, одлучив, дечко мора да си најдам доктор. Ете, висок прит-исок ќе те фати, да ти помогне нешто. Оти, уметник ќе те остави, ништо не ти е. Ама, доктор. Макар бил и ветеринар“, рече Весна. Потоа зборуваше за тоа каква мајка е .
-Јас за себеси сакам да кажам дека сум рокенрол мајка. Кога своето дете, го испратив во Америка да учи, кај својот татко, тоа зборува за мојата несебичност. Тоа зборува дека ние сме лакот, родителите, а децата се стрелата. Колку повеќе ќе го оптегнеш лакот, ќе може стрелата подалеку да оди.
Јас навистина се гордеам самата со себеси, дека тоа го направив со Кирил. Сум строга, сум етична, навистина многу отворено разговарам со моите деца за сите теми. Но, ете со Минче се смееме, ја гледам како сега мене ми одвраќа, смешно ми е. Мина има обичај да ми каже: Мамо, стварно гњавиш. Јас ќе ѝ речам: Имаш право…
Кога ги земавме децата со мојот бивши сопруг, јас едно нешто реков: Кога чуваш деца многу е тешко тие да станат чесни и добри луѓе. Тоа е најтешката задача, во било која смисла на зборот кога станува збор за воспитување на деца. И навистина е тешка задача и тешка мисија, но е љубов“, рече Весна.
Таа сподели стори на Инстаграм од моментот кога се имунизира. Таман што дошла на ред, се случило нешто неочекувано.
-Дојдов на ред за вакцини, и снема вакцина. Инаку е супер организирано, и со Фајзер треба да ме боцнат мене денес, Вики утре“, рече Весна додека до неа беше Вики, нејзината пријателка и соработничка.
-Ама, ксмет, таман ќе стигнеш ја ред, нешто нема“, рече Весна, на што пријателката ѝ одговори: Мора да почекаме малку, и ќе свршиме работа. На ова, Весна одговори: Се изначекав цел живот за сè! Потоа, таа објави видео како ја прима вакцината, а објави и слика со Денис Јанкуловски, познат како Денис Космонаутко.
– Со убавиот лик на ова невреме, напиша таа под сликата со Денис.