Новинарот Мишко Иванов е познат по серијалот „Патот до успехот“, емисијата во која многу познати личности од Македонија и од регионот го раскажаа својот животен пат.
“Секоја приказна е посебна на свој начин. Никогаш нема да го заборавам гостопримството на нашиот Гранде Горан Пандев. Нѐ однесе на тренинг, нѐ прошета низ Џенова, гледавме натпревар со Фиорентина.
Нема да го заборавм ниту интервјуто со Благоја Нацовски, нашиот оперски пејач, кој ни ги отвори вратите во Миланската скала, со што станавме првата ТВ која влегла во миланската скала.
Неверојатна личност, непосреден кој од Џенова специјално дојде со нас во Милано за да го реализираме интервјуто со него.
Нема да заборавам, и како од Џенова во полноќните часови со авотомобил стасавме во Марибор, за утредента да снимаме со нашиот Милко Ѓуровски и веднаш оттаму по интервјуто да заминеме за Белград каде што нѐ чекаше Милена Дравиќ.
Нема да заборавам и кога траектот нѐ чекаше, оти доцневме, а беше последен тој ден. Сепак, одлично е сѐ. Дуда Ивковиќ неверојатен, вистински домаќин кој нѐ пречека во неговиот дом.
Светлана Бојковиќ дама, Лепа Брена врвен професионалец, само нѐ праша: „Момци, колку трае снимањето“?
Ѝ рековме 3-4 часа, снимавме 10 часа, нормално со пазуа за заеднички ручек. Кога завршивме само праша: „Момци дали е сè во ред?“ Задоволни рековме да, ни се заблагодари и контактите ги имаме сè уште.
Горан Бреговиќ кој не прими во неговиот дом. Тарик Филиповиќ, другарчина, и со него сме во постојана комуникација. И да, има уште многу наши приказни.. „Патот до успехот“ е навистина и работа и задоволство“, изјави Иванов во Женски магазин.
Тој долги години е во брак со проф. д-р Татјана Стојановска – Иванова од Институтот за саоциологија при Филозофскиот фактултет на УКИМ.
Минатата година, Мишко Иванов објави дека повеќе нема да биде уредник на информативните програми на ТВ24, откако неговата сопруга беше назначена за член на Извршниот комитет на СДСМ.
„Сакам да ве информирам дека после сите случувања изминатава недела, јас Мишко Иванов, новинар од 1997 година, досега без ниту една дамка во својата кариера, поради политичкиот и партискиот ангажман на мојата сопруга во ИО на СДСМ, се повлекувам од уредување на Вести и Дневник, а и од политички соочувања.
Прво, не сакам да го нарушам угледот на телевизјата кој се гради со години, а второ и мојот морален и етички моментум не ми дозволува да бидам уредник на Дневник или пак да водат политички и економски дебати.
Останувам во ТВ 24, и фокусот го насочувам исклучиво кон моето милениче „Патот до успехот“, рече тогаш Иванов.
На својот Фејсбук профил минатата година, тој објави непристојна порака која му стасала, а се однесува и е со навреда кон неговата сопруга. Новинарот посочи дека тоа се случува по трет пат.
„Ќе ставиме ли стоп. Ова е трет пат од истиот човек. Да ги објавуваме сите, оти мислат дека се недопирливи.“, напиша тој.
Пораката која ја добил од Бобан Петровски вели дека тој сака да има интимни односи со сопругата на Иванов, која според Петровски има 45.000 плата.
Татјана Стојановска-Иванова, две червени доста ли се?“, се вели меѓудругото во непристојната порака која Иванов ја објави, бидејќи очигледно му дошло преку глава да биде атакуван од рандом луѓе на социјалните мрежи.
Иванов, враќајќи се од пат од Источна Македонија, објави статус во кој вели дека има претерано многу патарини, најверојатно мислејќи на новиот автопат до Гевгелија.
-Како што сте начукале патарини на 100 метри по една, да си земете да си го средете автопатот Демир Капија – Велес. Срамота е.