Педесет и четиригодишниот Иван Огњановски на кого на 23 мај минатата година, на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија му беше трансплантирано срце, во аввгуст истата година беше на контролен преглед во таа јавна здравствена установа.
– Насмеан и полн со енергија, утрово Иван беше на контрола на Клиниката за државна кардиохирургија.
Тој е во добра здравствена состојба и е првиот пациент во земјава на кого му беше трансплантирано срце. Вели дека мора да продолжи да го живее животот, бидејќи животот е еден, напиша на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.
Огњановски изјави дека одлично се чувствува, објави тогаш Канал 5 телевизија.
– Комплетно сум задоволен од целиот лекарски тим на Клиниката. Тие сега се и мои другари. Постојано се слушаме на телефон и ме прашуваат како сум. Еднаш неделно одам на контрола и примам терапија.
Им се заблагодарувам од срце за сѐ што сторија за мене, особено и на моето семејство кое ми беше најголемата поддршка да го издржам целиот овој период. Повторно ќе го живеам животот со полни гради, затоа што животот е еден, истакна Огњановски.
Иван доби ново срце благодарение на семејството на Емилија Динева, кога за жал си замина од овој свет поради сообраќајна нез-года, а семејството и Емилија стнаа херои на народот.
-Можам да кажам дека семејството Диневи не го чувствувам како семејство кое донирало орган, туку чувствувам како јас да сум роден во тоа семејство. Комуницираме речиси секој ден.
Имав можност летото да го поминам кај нив. Тоа беше момент преполн со емоции на тага и на среќа. Немам зборови како да го опишам тоа.
Благодарен сум на Господ што ми даде шанса да имам уште еден брат, уште една сестра, а можам да кажам дека и нивниот татко го чувствувам како свој втор татко“, изјави Васил Огњановски, син на Иван Огњановски, на кого му беше трансплантирано срце.
Водителката Милена Антовска- Станковска е една од нашите јавни личности која има направено доста интересни репортажи и приказни, а една од нив е токму за Иван, на која се присети на Инстаграм.
-Вчерашниот ден за мене како новинар минатата година беше посебен и ќе го паметам долго, затоа то јас и моите колеги од „Здраво Македонијо“ имавме можност први да го посетиме и снимиме господинот Иван Огњановски- човекот со прво пресадено срце во Македонија.
А, со тоа и екслузивно да ја пренесеме сликата и приказната на нашите драги гледачи. Мој соговорник беше д-р Марјан Шокаровски.
П.С.Поексклузивно снимање досега не сум имала“, напиша Милена која сподели стори, а во него ја означи и колешката Бубе Јаневска.