Мики Црнокрак го откри своето вистинско име и прослави роденден на егзотична дестинација (ФОТО)

0

Семејството Црнокрак, Мики и Светлана имаат големи причини за среќа. Тоа се нивните ќерки, бракот и љубовта кои ги негуваат долги години, успехот во модниот свет.

Годинава, прославија тие ќе прослават 24 години од бракот. „Се запознавме каде на друго место ако не на модна ревија и тоа во Битола, една ипол година пред нашата свадба, која се случи точно на 11 октомври во 1997 година.

Свадбата ќе ја паметиме по големото невреме и силниот дожд кој не ни пречеше, а старите ни го протолкуваа како добар знак за среќен и бериќетен брак.

Кога се запознавме, се случи љубов на прв поглед, па потоа дојде и и втор и трет. На почетокот на љубовта ништо не ни пречеше еден кај друг, а и сега потолку годинa брак се навикнавме и се прилагодивме на се, па дури и на тоа што можеби ни пречело“, изјавија Црнокарк за Женски магазин.

Круната на нивната љубов се ќерките Моника и Нина. Моника има 24 години и е студент, но се занимава и со манекенство по стапките на мајка ѝ. Ќерките им се 13 години разлика.

Светлана вели дека е возбудливо да го живееш животот на еден студент и едно дете во основно училиште. И токму вчера беше најсреќен ден за Црнокрак.

Нина минатата година наполни 9 години, а среќното семејство објави фотографија од прославата на роденденот со двете ќерки.

Неодамна, На Фејсбук, Светлана објави тазе професионални слики на кои изгледа топ. Како ли ѝ успева секогаш да има супер линија и сега, по толку години повторно да ги освојува модните писти како некогаш?

Црнокрак ја откри тајната. Таа е во диетата која ја практикува. Таа вели дека е физички активна, вежба, вози велосипед, трчам, плива а на зима скија. „Решив да ја испробам и оваа диета, која е протеинска и најсоодветно ми одговара.

Водолија сум во хороскоп и сум немирен дух. Сакам да сум постојано во движење, да го работам она што ме исполнува, и професионално и приватно“, има изјавено Светлана во Женски магазин.

Во сето ова ја поддржува и нејзиниот Мики, и тој ѝ е најголемиот ветер во грб.

Мики потоа фотографии од својата најгоема гордост, постарата ќерка Моника, која е апсолвент на Економскиот факултет. Крушата под круша паѓа, и очигледно е од кого таа ја наследила убавината.

Мики Црнокарк вчера прослави роденден, и тоа не во Скопје, туку во Дубаи каде што е изминативе денови. Она што е интересно е што тој е познат како Мики, а досега никој не го знаел неговото вистинско име.

Роденденско изненадување на 4.857km од дома!“, напиша тој и објави слика од торта на која го пишува неговото вистинско име, а тоа е Миодраг.

Претходна статијаМаја Панчева денес слави, ќерката Марија објави емотивна порака (ФОТО)
Следна статијаКаролина Гочева во идила, објави убава новост (ФОТО)